Синхронизација на серии/филмови

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Како што сите знаеме од пред неколку години македонските телевизии почнаа се повеќе и повеќе да работат на синхронизација на сериите и филмовите кои ги емитуваат. Бидејќи знам дека во темава ќе има симпатизери и на поранешната А1 и на Сител, за ваша информација другари синхронизацијата во Македонија беше започната уште во 90-тите и раните години од 21 век, кога МТВ1 ги синхронизираше цртаните кои ги прикажуваше за најмала публика. По 10 години А1 продолжи со оваа синхронизација, а не како што многу сметаат А1 била прва која започнала со синхронизацијата во Македонија.
Дали ви се допаѓа овој начин на обработка на сериите и филмовите или сметате дека сепак поубаво е кога ги слушате гласовите на вистинските актери, а подолу си има превод? Мислите ли дека со ангажирањето на македонските актери во синхронизација на сериите, македонската продукција на филмови и серии се намалува? Дадете свој став во врска со темава.

Јас сум против синхронизацијата и многу ме нервира кога даваат такви серии и филмови на ТВ. Мене лично отсекогаш повеќе ми се допаѓало она старо емитување со превод, каде слушајќи ги гласовите и изговорот и гледајќи го преводот можеш да научиш некој збор. Истотака сметам дека се фрлаат големи пари за купување на серии, а истотака голем дел пари се фрлаат и за плата на македонските актери кои ги позајмуваат своите гласови во сериите/ филмовите, а со тие пари може да снимаат свои филмови- македонска продукција.
Дека тие пари би се искористиле за македонска продукција тешко, а и да се искористат џабе, знаеме нашите серии колку се добри и гледани. И мене ми беше глупо тоа што за превод помалку пари ќе се фрлаат ама пак знаеме дека постарата публика највеќе ги гледа овие серии, на нив ем им е полесно ем поинтересно да ги гледаат синхронизирани. Јас лично мразам синхронизација дали е на серија, филм или цртан. И најглупо нешто кај нашиве синхронизации е што цело време истите гласови се, а кога ќе го слушнам Марин Бабиќ како синхронизира 10 лика у серија ми се кења искрено, гледам почнаа и на реклами има еден глас од серииве само не знам кој глумец е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
За
Дека тие пари би се искористиле за македонска продукција тешко, а и да се искористат џабе, знаеме нашите серии колку се добри и гледани. И мене ми беше глупо тоа што за превод помалку пари ќе се фрлаат ама пак знаеме дека постарата публика највеќе ги гледа овие серии, на нив ем им е полесно ем поинтересно да ги гледаат синхронизирани. Јас лично мразам синхронизација дали е на серија, филм или цртан. И најглупо нешто кај нашиве синхронизации е што цело време истите гласови се, а кога ќе го слушнам Марин Бабиќ како синхронизира 10 лика у серија ми се кења искрено, гледам почнаа и на реклами има еден глас од серииве само не знам кој глумец е.
Реков може да се искористат за македонска продукција. Значи снимање и прикажување, ама лошото е што немаме оригинални и добри идеи за сценарија, а и оние актери кои сите ги знаеме остареа, младите не се интересни. Немаме направено добра комедија уште од „Викенд на мртовци“. Не е интересно да гледаш сцени од секојдневието кога ти тоа веќе го живееш, треба добро комично сценарио (оригинално) што ќе ги насмее луѓето бтв затоа и се филмовите (барем според мене, кога гледам филм ме тера да го забравам секојдневието, да се насмеам и да ги оставам проблемите зад себе, а не да седнам и да плачам за измислен лик. ;))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Гонзо

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Ако се секавате на 1001 ноќ, јас се умрев во смеење кога Надидан му рече на Бурхан: „Ама и ти цела ноќ не заспа, само горе-долу, горе-долу“. Ова лоша синхронизација и на други серии ја имам забележано само ова прво ми текна, друга смисла кога добиваат изразите.