Дефинитивно, дивјачки, никогаш не би кренал рака над мојата партнерка, ниту би ја повредил намерно на било каков начин. Најпрво, секогаш партнерите, дечкото и девојката,м сопружниците, си ветуваат љубов, поддршка, разбирање во врската и бракот.
Сметам дека од машка страна физичкиот удар над партнерката би бил премногу неразумен потег. Сето тоа, исфрлање на бесот, удирање, нанесување телесни повреди намерно, или под алкохолизирана состојба е знак на слабост на мажот, негова исфрустрираност од животот или потиснување на некои свои емоции од младоста.
Повеќе нема разлика дали партнерите живеат во градска или рурална околина. Ударите, навредите, сите тие физички и психички малтретирања се одраз на сељачкиот карактер на мажот, покажување на машкоста на многу погрешен начин, мислејќи дека со тоа ќе ја зголеми љубовта и приврзаноста на партнерката.
Пак ќе повторам, во никој случај не е тоа дел од мојот карактер, го сметам тоа за низок степен на развиток на свест кај тој што го чини и секако, само навремено пријавување кај надлежните институции, ќе придонесе за значително намалување на оваа одвратна појава, што секако, не е присутна само од мажот кон жената, туку неретко има случаи каде и сопрузите се малтретирани психички а некогаш и физички од своите сопруги.