Северна Америка

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Емпајар Стејт Билдинг (Empire State Building) е едно од најпознатите обележја на градот Њујорк, во САД има 102 ката и е изграден во Арт деко стил. Тој се наоѓа на раскрцницата помеѓу Петатта авенија и 34 Западна улица. Зградата е висока 381 метар. Овој облакодер го добива своето име според прекарот на државата Њујорк, Емпајар Стејт (Empire State).
empire-state-building.gif
empire-state-building-night.jpg

Со завршувањето на оваа градба во 1931 таа го носела епитетот на највисока зграда во светот повеќе од 40 години се до изградбата на Северната кула на Светскиот трговски центар во 1972 година. По уништувањето на Светскиот трговски центар во 2001 година Емпајар стејт билдинг повторно стана највисока зграда во Њујорк.
Во 1986 година добива статус на Државно Историско место. Во 2007 година Американскиот архитектонски институт го рангира овој облакодер на првото место на листата на Најомилена американска архитектонска градба.
62.jpg

Познатата висококатница Empire State Building во Њујорк по реновирањето во 2009 г стана пример за заштеда на енегријата и на годишно ниво ќе заштеди околу 4,4 милиони долари.
За реновирањето на зградата висока 102 ката требало бидат потрошени 500 милиони долари. Од вкупната сума, 100 милиони долари ќе бидат потрошени за зголемување на енергетската ефикасност за 38 проценти. За таа цел ќе бидат заменети сите 6.500 прозорци, ќе се воведат нови системи за ладење и за греење, ќе се вгради изолација помеѓу радијаторите и надворешните ѕидови и ќе се вградат штедливи сијалици кои ќе се палат само кога има луѓе во просторијата.
595px-NYC_Empire_State_Building.jpg

Во овој облакодер се снимаше и филмот „Кинг Конг“,
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Именуван е за едно од седумте светски чуда на природата и прогласен е за Национален парк во 1919 година.Овде можат да се видат неверојатно длабоки бездни и карпи кои имаат црвена, портокалова и златна боја што го прави еден од најубавите пејсажи на земјата. Јужниот дел од Кањонот е најпопуларен за туристите бидејќи се доаѓа лесно од главниот пат и нуди прекрасна панорама и патеки за шетање. Во големиот кањон се наоѓаат многу прекрасни места како оази, базени, тесни премини, водопади и слично.
938ECD79F54FFCFFAFD9AB3ECDEB688ED961EC95-610x457.jpg

Гледкава убива. Поглед - перверзија. Да го прашаме само овој што лежи на карпава што прави таму. :rofl
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Големите Езера (анг. Great Lakes) е група на пет големи езера во Северна Америка на или блиску до границата помеѓуКанада и САД. Тие се најголемата група на слатководни езера на Земјата. Системот Големи Езера-Сент Лоренс е најголемиот слатководен систем во светот. Тие понекогаш се нарекуваат внатрешни мориња.Големите Езера (анг. Great Lakes) е група на пет големи езера во Северна Америка на или блиску до границата помеѓуКанада и САД. Тие се најголемата група на слатководни езера на Земјата. Системот Големи Езера-Сент Лоренс е најголемиот слатководен систем во светот. Тие понекогаш се нарекуваат внатрешни мориња.

Големите Езера се:
  • Горно Езеро (најголемо по волумен и најдлабоко, поголемо од Шкотска или Јужна Каролина)
  • Мичиген (второто најголемо по волумен и трето најголемо по површина; единственото кое се наоѓа само на територијата на САД)
  • Хјурон (третото најголемо по волумен; второ најголемо по површина)
  • Ири (најмалото по волумен и најтрсковито)
  • Онтарио (второто најмало по волумен и најмало по површина, на многу пониска елевација отколку останатите).
Езерата Мичиген и Хјурон, хидролошки поврзани, понекогаш се сметаат за еден ентитет: езеро Мичиген-Хјурон. Заедно, овие езера се поголеми по површина од Горното Езеро, но помали по вкупен воден волумен.
Многу помалото шесто езеро, Сент Клер, е дел од системот на Големите Езера и се наоѓа помеѓу езерото Хјурон и Ири, но не се смета за едно од „Големите Езера“. Овој систем исто така ги вклучува реките кои ги поврзуваат езерата: Сент Мерис помеѓу Горното Езеро и Хјурон, Сент Клер помеѓу Хјурон и езерото Сент Клер, Детроитпомеѓу езерото Сент Клер и Ири, и Нијагара и Нијагарините Водопади помеѓу Ири и Онтарио. Езерото Мичиген е поврзано со Хјурон преку протокот Мекинак. Големи острови и еден полуостров го делат Хјурон на самото езеро иЏорџискиот Залив.
Езерата се опколени со териториите на покраината Онтарио (освен езерото Мичиген), потоа сојузните американски држави Минесота, Висконсин, Мичиген (освен езерото Онтарио), Илиноис, Индијана, Охајо, Пенсилванија иЊујорк. Четири од петте езера се протегаат долж границата меѓу САД и Канада; петтото езеро Мичиген е целосно на територијата на САД. Реката Сент Лоренс, која ја обележува истата меѓународна граница во еден дел од својот тек, е примарен излез на овие поврзани езера и тече низ Квебек, го поминува полуостровот Гаспе и се влева воАтлантскиот Океан.
Има околу 35.000 Големоезерски Острови распрскани низ езерата, вклучувајќи ги островот Манитулин во езерото Хјурон, најголемиот остров во било која копнена водена површина на Земјата, и островот Ројал во Горното Езеро, најголемиот остров во најголемото езеро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Кога сме веќе кај Северна Америка можам да кажам дека се застепени со многу рисови и мечки. А и многу Национални Паркови. Но штета неможам сите да ги најдам за да ги постирам. Доколку некој знае сајт за Америчките Национални Паркови нека ми постира линк тука или по ПП.
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Наредниве години ќе се преселувам во New York. :igra :rofl
Одсекогаш ме привлекувал Њујорк, незнам зошто. А и цела Флорида сакам да ја прошетам, па може и накај Мексико да заминам. Желби, желби.. :kafe
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Наредниве години ќе се преселувам во New York. :igra :rofl
Одсекогаш ме привлекувал Њујорк, незнам зошто. А и цела Флорида сакам да ја прошетам, па може и накај Мексико да заминам. Желби, желби.. :kafe

божем па јас не сакам(wasntme)

да ги посетам тие места..:zelen
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јосемит - еден од нај убавите национални паркови во светот
Yosemite-National-Park.jpg


Јосемит е еден од најголемите паркови во Сиера Невада во кој егзистираат разновидни растенија и животни. Националниот парк ги опфаќа источните делови на Телуме, Марипоса и Медера окрузи во источниот дел на централна Калифорнија. Паркот зафаќа површина од 761 268 хектари, а се наоѓа на надморска височина од 648 до 3997м и содржи пет зони на вегетација: дабови шуми, долна планинска зона, горна планинска зона, субалпска и алпска зона. Во Калифорнија има околу 7000 видови растенија, околу 50% од нив ги има во Сиера Невада, а од нив повеќе од 20% ги има во Јосемит. Постои соодветна документација дека 160 ретки видови на растенија опстојувале во паркот благодарејќи на ретките геолошки формации и карактеристичната почва. Од геолошки аспект Јосемит го карактеризираат гранитни карпи.
Edenpics-com_005-080-The-Vernal-falls-from-Yosemite-National-park-seen-from-the-mist-trail-leading.jpg

Сиера Невада како планински масив почнала да се издигнува пред 10 милиони години. По речните корита почнале да се формираат длабоки и тесни кањони. Пред околу 1 милион години акумулираните глечери од снег и мраз од високите алпски пасишта почнале да се движат надолу по речните долини. Еден од тие глечери за време на раната глацијација достигнал височина од 4000 стапки (1,200 м). При движењето на тие глечери се создале валови кои претставуваат природна атракција и привлекуваат огромен број на посетители. Јосемит над 3.7 милиони луѓе го посетуваат секоја година, а најмногу посетителите се задржуваат во 18 м2 од целиот парк. Јосемит за светско природно наследство е прогласен во 1890, а својата титула ја добил поради спектакуларните гранитни карпи, водопади, потоци, шумскиот џин Секвојата и разновидниот биолошки диверзитет.
Wawona_Yosemite_National_Park_1953-1.jpeg

Јосемит е дом на безброј водопади. Најдобро време за набљудување на водопадите е во текот на пролетта кога поголемиот дел од снегот се топи. Некои од водопадите во текот на летото сосема пресушуваат, а тоа се случува најчесто во месец август. Во текот на зимскиот период околу рабовите на водопадите најчесто се формира мраз. Еден од Јосемитските водопади претставува и еден од најголемите во светот. Јосемитскиот водопад се состои од три дела: Горен пад со височина 430м, среден пад составен од повеќе каскади со височина од 204м и долен пад со височина од 96м. Јосемитскиот водопад може да се види од повеќе места во паркот, а најдобро за набљудување е околу селото Јосемит каде што има направено посебна платформа за набљудување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati