Северна Америка

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Северна Америка
Овде мислам има многу да се пишува, толку држави, градови, настани.
Северна Америка по површина е третиот најголем континент и четврт по население. Зафаќа површина од
24,230,000 квадратни километри. и Северна како и Јужна Америја името го добила по Америго Веспучи кој бил првиот европеец кој открил дека Америка не е источна Индија.
Иако САД, Канада и Мексико географски се наоѓаат во Северна Америка, во Европа често се смета дека Северна Америка ги вклучува Канада и САД, но не и Мексико. Во Латинска Америка, Америка се смета за еден континент и затоа Северна Америка е само потконтинент составен од Канада, САД и Мексико.
sam19st.jpg

Нај интересни и привлечни за нас се САД - Соединетите американски држави. САД се составени од 50 држави и една федерална област. Се наоѓаат претежно во средишниот дел од Северна Америка и се граничат со Канада на север и Мексико на југ.
USA-flag.jpg

Најголем град во САД е Њујорк а главен град е Вашингтон.
Најинтересни и привлечни дестинации како за мене се Мајами, цела Калифорнија, Њујорк , Невада, кањоните и уште мооогу други...Секој град си има своја историја и карактеристика...
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Една од најпознатите светски статуи..
Статуа на Слободата е споменик во Њујорк, САД. Вискока 46,5 метри. Ако се додаде и држачот висок 47 метри, тогаш вкупната висина изнесува 93,5 метри. Се наоѓа на Островот Слобода. Статуата е подарок од Франција на САД, како знак на пријателство во 1886 година. Статуата е дело на францускиот вајар Фредерик Аугуст Бартолди, а металната конструкција е дело на архитектот Густав Ајфел, познат како главен архитект на Ајфеловата кула во Париз.
statua-na-slobodata-rodenden-125-2204.jpg

7EA7BF21AD4A654587813880FA53B689.jpg
statua-na-slobodata-2.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Големиот Кањон се наоѓа во државата Аризона и е стрмен кањон издлабен од реката Колорадо во САД . Тој е еден од првите национални паркови во САД . Големиот Кањон е долг 446 километри, широк е 29 километри и длабок 1,83 км. Изложени се речиси две милијарди години од геолошката историја на Земјата низ кои реката Колорадо и нејзините притоки ги отварале своите канали низ многубројните слоеви на карпи. Неодамнешните докази укажуваат на тоа дека реката Колорадо го поставила својот курс низ кањонот пред најмалку 17 милиони години.Оттогаш наваму реката Колорадо продолжила да врши ерозија и да го формира кањонот.
skywalk_at_grand_canyon_west_pictur.jpg
gcanyon01.jpg

gcanyon04.jpg

gcanyon13.jpg


Именуван е за едно од седумте светски чуда на природата и прогласен е за Национален парк во 1919 година.Овде можат да се видат неверојатно длабоки бездни и карпи кои имаат црвена, портокалова и златна боја што го прави еден од најубавите пејсажи на земјата. Јужниот дел од Кањонот е најпопуларен за туристите бидејќи се доаѓа лесно од главниот пат и нуди прекрасна панорама и патеки за шетање. Во големиот кањон се наоѓаат многу прекрасни места како оази, базени, тесни премини, водопади и слично.
938ECD79F54FFCFFAFD9AB3ECDEB688ED961EC95-610x457.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati, Marick14 and 4FUN

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Канада е федеративна држава во Северна Америка составена од 10 провинции и 3 територии. Канада е парламентарна демократија и уставна монархија на Кралицата Елизабета II во рамките на Комонвелтот. По површина, таа е втора земја во светот.
Главен град е Отава а најголем е Торонто со 5.113.149 жители во областа на градот. Името Канада доаѓа од зборот каната на индијанците Ирокези околу реката Сент Лоренс кој означувал село или населба. Жак Картие во 1535. год. почнал да го користи тој збор за да ја означи целата територија на Ирокезите. Подоцна, во време на британските колонии од 1841., името Канада се однесувало на две провинции: Горна Канада - околу Големите езераи Долна Канада околу реката Сент Лоренс. Со Уставниот Акт од 1867, името Канада било прифатено како име на целата држава.
Според многу показатели, како што се Степенот на човеков развој на ОН, Индексот на глобализација[2], Квалитетот на живот , Одржливоста на животната средина, Економските слободи и др., Канада е меѓу најдобрите земји во светот. Во Канада живеат голем број македонски иселеници и нивни потомци.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Лас Вегас е најнаселениот град во американската сојузна држава Невада, и меѓународно признен град во сферата на коцкањето, шопингот, лукзусните вечери и забава. Лас Вегас, кој се смета за главниот град на светот за забава (The Entertainment Capital of fhe Woeld), е познат по големиот број казина и забавни клубови. Лас Вегас е 28-от град според населеност во САД, со 558 383 жители во 2008 година. Проценетото население во целокупната област на Лас Вегас изнесува 1865 746 за 2008 година.
Утврден во 1905 година, Лас Вегас официјално стана град во 1911 година. Со развојот којшто следи кон крајот на векот, Лас Вегас стана најнаселениот град во САД основан во XX век. Градот толерира различни форми за забава за возрасни, со што заслужува името Син Сити (Sin Sity), и оваа слика го прави популарна тематика за филмската продукција и телевизиските програми. Од друга страна, Лас Вегас има најмногу цркви по жител од било кој голем град во САД. Градот изобилува со светлечки реклами, и доколку се набљудува од вселената тоа е најсветлиот град на планетата Земја.

las-vegas-skyline.jpg

las-vegas-cpa-firms.jpg

imgLas Vegas2.jpglas-vegas-sign.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty