Свети храмови како лечилишта и прибежишта

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сме слушнале многу приказни за тоа како некој со мака или (неизлечива) болест отишол на свето место и бил излекуван.
Сме слушнале и за жени кои се мачеле да останат бремени долго време, дека преспале некаде во црква/манастир/џамија и потоа се оствариле ко мајки.
Но, повеќе од било што, многу интересна појава е одењето по манастир од страна на зависниците од дрога за да се откажат од истата и да се исцелат од гревот, претпоставувам. Сум го сретнала ова одново и одново и некако ми стана интересен феномен, па ме интересира зошто ли е тоа така.
Дали за сите горенаведени е плацебо ефектот (иако некогаш е пречудна можеби коинциденција, можеби не, посебно за болести) или можеби навистина има некоја енергија во местото?
Кај некои од зависниците-верници искрено мислам дека често игра делузијата и стравот од казна, па се смируваат или барем намалуваат некое време, но досега не познавам некој што навистина прекинал. Познавам случај каде личноста ги смени сите можни христијански сектички, од читање Библија навечер во друштво до играње голи рано наутро од не знам која причина, но ништо низ годините не успеа да ја натера да ги остави тешките дроги.

Ме интересираат ваквите (не)успешни приказни и места по Македонија, па и светот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Не знам искрено дали навистина постојат лековити и свети места, но знам дека помоќна работа од човечкиот ум не постои. Се согласувам дека голем дел од тие чуда се како резултат на плацебо ефектот , но и самата верба на личноста дека ќе успее и дека ќе се избори со дадениот проблем (без разлика за каков проблем станува збор). Еве нешто повеќе за таквите места во Македонија (https://mkd-news.com/lekoviti-vodi-vo-makedonija/).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Имам чуено за неколку, Меџугорје во Хрватска, Фатима во Португалија и Лурд во Франција, сите се католички и се врзуваат за разни чуда кои се случиле на тие места, за овде не знам кои места имаат таква репутација.
Пола владици наводно биле екс-џанаци :frantic а колку се активни не се знае. Интересни се оние наслови Srbija u raljama narkomanije или Hrvatska u paklu droge :D Narkomanija je pošast modernog doba :D каде секогаш има анонимен џанак кој као бара начин да се опраи а контра на тоа некој лик кој знае некое свето место каде наркосот може да отиде и да се исцели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не знам искрено дали навистина постојат лековити и свети места, но знам дека помоќна работа од човечкиот ум не постои. Се согласувам дека голем дел од тие чуда се како резултат на плацебо ефектот , но и самата верба на личноста дека ќе успее и дека ќе се избори со дадениот проблем (без разлика за каков проблем станува збор). Еве нешто повеќе за таквите места во Македонија (https://mkd-news.com/lekoviti-vodi-vo-makedonija/).
Леле, пошто сум од Куманово, имам минувано накај Зубовце и Самовилските Води, па не знам таму дали е смешно или страшно за гледање. Веројатно ноќе е страшно пошто насекаде висат чорапи, маици, хулахопки, конци, сомнителни флашички, некакви снопчиња, може има и по некое животинско тело, којзнае. Делува некако ко македонската Хирошима - ко да имало населено луѓе, па испариле, само што алиштата им останале магично. Не знам дали некој оди да го расчистува тоа место, но е многу, многу гадно од еколошка гледна точка.
Имам чуено за неколку, Меџугорје во Хрватска, Фатима во Португалија и Лурд во Франција, сите се католички и се врзуваат за разни чуда кои се случиле на тие места, за овде не знам кои места имаат таква репутација.
Пола владици наводно биле екс-џанаци :frantic а колку се активни не се знае. Интересни се оние наслови Srbija u raljama narkomanije или Hrvatska u paklu droge :D Narkomanija je pošast modernog doba :D каде секогаш има анонимен џанак кој као бара начин да се опраи а контра на тоа некој лик кој знае некое свето место каде наркосот може да отиде и да се исцели.
Овие се чести и по ТВ. Рандом лик, замаглен или во затемнето (уште појако - скриени само очите со црна лента), позади некое прозорче и икона, гласот преправен да звучи ко Шварцернегер. Не знам, ама јас не можам да ги сфатам озбилно, макар навистина било секташко дрогашење, оргијашење и мачење. :D
Ги има и кај нас, само не се експонирани многу т.е. мислам дека може да побараш прибежиште во скоро секој манастир, само не знам како им оди околу исцелувањето, дали само седат таму или има програми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Леле, пошто сум од Куманово, имам минувано накај Зубовце и Самовилските Води, па не знам таму дали е смешно или страшно за гледање. Веројатно ноќе е страшно пошто насекаде висат чорапи, маици, хулахопки, конци, сомнителни флашички, некакви снопчиња, може има и по некое животинско тело, којзнае. Делува некако ко македонската Хирошима - ко да имало населено луѓе, па испариле, само што алиштата им останале магично. Не знам дали некој оди да го расчистува тоа место, но е многу, многу гадно од еколошка гледна точка.

Јас искрено не сум бил и не верувам во такви работи, ама не сакам да уверувам никого во спротивното од она во кое тие веруваат. (ниту пак се противам на оние кои се обидуваат да ме уверуваат во такви работи) Се со цел да не навредам некого. И се согласувам дека изгледа страшно од секоја гледна точка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Леле, пошто сум од Куманово, имам минувано накај Зубовце и Самовилските Води, па не знам таму дали е смешно или страшно за гледање. Веројатно ноќе е страшно пошто насекаде висат чорапи, маици, хулахопки, конци, сомнителни флашички, некакви снопчиња, може има и по некое животинско тело, којзнае. Делува некако ко македонската Хирошима - ко да имало населено луѓе, па испариле, само што алиштата им останале магично. Не знам дали некој оди да го расчистува тоа место, но е многу, многу гадно од еколошка гледна точка.

Овие се чести и по ТВ. Рандом лик, замаглен или во затемнето (уште појако - скриени само очите со црна лента), позади некое прозорче и икона, гласот преправен да звучи ко Шварцернегер. Не знам, ама јас не можам да ги сфатам озбилно, макар навистина било секташко дрогашење, оргијашење и мачење. :D
Ги има и кај нас, само не се експонирани многу т.е. мислам дека може да побараш прибежиште во скоро секој манастир, само не знам како им оди околу исцелувањето, дали само седат таму или има програми.

Имаше случаи во Србија каде "исцелителските чуда" по манастири и некакви центри за одвикавање раководени од попови биле програми кои се состоеле од постење, понижување и ќотек настрана од јавноста, и веројатно тоа ќе останело далеку од пажња да не беше случај кога поповите претепале некој џанак до смрт, после негова фамилија дигнала врева una milagro!:frantic

Самовилски води, јако именце :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Во Бигорски ги лечат со работа, ко ќе им го дадат тоа лозјето да го средуваат до планина горе, па после да чисти низ манастирот, вечерта ко ќе си легне нема ни да помисли на дрога од што ќе го болат и раце и нозе и се. Плус што спијат во една соба без никаков контакт со цивилизација. Што знам, јас мислам дека тоа е подобро од секоја болница, наместо да те трпаат со лекови, ама пак се е до човекот, ако нема желба да се откаже џабе му е се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Во Бигорски ги лечат со работа, ко ќе им го дадат тоа лозјето да го средуваат до планина горе, па после да чисти низ манастирот, вечерта ко ќе си легне нема ни да помисли на дрога од што ќе го болат и раце и нозе и се. Плус што спијат во една соба без никаков контакт со цивилизација. Што знам, јас мислам дека тоа е подобро од секоја болница, наместо да те трпаат со лекови, ама пак се е до човекот, ако нема желба да се откаже џабе му е се.
Аха, мисли дека не им текнува. :zelen
Нагло прекинување на било што прави лом и физички и психички. Цело тело и хормони им се дисбалансирани, не сакам ни да замислам што процеси им се дешаваат. Ама може има и попови што им дилаат, па таму во природа си се опуштаат по малку, во алал дози. :D Се зезам.
Ама не знам, коцка, дрога и манастир некако многу одат рака под рака во последно време. :frantic