Верувам дека на форумов не има од најразлични возрасти, склопови на рамислување, делување и интелигенции. Како склоп на околности сите се пронаоѓаме некаде, во некое место, со некој човек или професија. Насловот нека не ве буни, не се работи за сепаратистичка идеја, или за политичко осврнување на ситуацијата на Блискиот Исток.
Многу пати ќе сме слушнеле- "Види ги децата во Америка, сами се снаоѓаат уште на 18 години, работат, одат сами низ животот".
Точно, има и такви примери, а има и деца кои сеуште живеат со своите родители. Според нашето законодавство, родителското право завршува на 26 годишна возраст, и тоа доколку детето се школува.
Самите почнуваме да осеќаме кога се јавува тој родителски јаз на неразбирање, настанување на конфликти за одредени теми кои ги засегаат "децата" од 25-26 години. Дали ние сме виновни што бараме простор за себе, или старците што ги имаме по дома, со затапени сфаќања (имаат и корисни совети, нормално) за модерните работи кои континуирано се менуваат во светот? Вреди ли да се нервираме за таквите работи или треба да се дејствува во смисла на конечно осамостојување од нив, еднаш засекогаш, и почнување на еден наш живот, живот кој ќе го креираме со нашата способност, поткрепени со нивното драгоцено воспитување кои ни го пренесувале низ текот на годините.
Моментот кога културно треба да им се заблагодариме за тоа што го сториле за нас во животот и ментално да не ослободат од тоа дека рано е да почнеме сами да чекориме во животот.
Сепак на нив им ја префрлам вината за тоа што настануваат тие конфликти, и покрај тоа што тие ја збореле реченицата за децата во другите држави. Кога за најпроста работа од фарбање ѕидови и правење дизајнирани полици ( ти викаш дека треба модерен мебел или прозори или воведување благи бои на ѕидовите), родител ќе рече дека тоа на интернет врска немало, дека белата боја била стандард за кречење ти доаѓа да се преселиш во Амазонска шума во Бразил и да одгледуваш игуани
.
Контрадикторна генерација наспроти премногу напредна?
Како да намерно не сакаат да сфатат дека децата пораснале и дека сакаат малку поразлични, но сепак убави идеи од нивните, независно дали е на 21, 22 или 26 години.
Мислам дека самите секогаш разбираме, чувствуваме кога е дојден моментот да се одвоиме физички од родителите, и со лесни чекори да идеме напред.
А молер ќе најдеме, сигурен сум во тоа.