Самостојна Република Јас

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Верувам дека на форумов не има од најразлични возрасти, склопови на рамислување, делување и интелигенции. Како склоп на околности сите се пронаоѓаме некаде, во некое место, со некој човек или професија. Насловот нека не ве буни, не се работи за сепаратистичка идеја, или за политичко осврнување на ситуацијата на Блискиот Исток.
Многу пати ќе сме слушнеле- "Види ги децата во Америка, сами се снаоѓаат уште на 18 години, работат, одат сами низ животот".
Точно, има и такви примери, а има и деца кои сеуште живеат со своите родители. Според нашето законодавство, родителското право завршува на 26 годишна возраст, и тоа доколку детето се школува.
Самите почнуваме да осеќаме кога се јавува тој родителски јаз на неразбирање, настанување на конфликти за одредени теми кои ги засегаат "децата" од 25-26 години. Дали ние сме виновни што бараме простор за себе, или старците што ги имаме по дома, со затапени сфаќања (имаат и корисни совети, нормално) за модерните работи кои континуирано се менуваат во светот? Вреди ли да се нервираме за таквите работи или треба да се дејствува во смисла на конечно осамостојување од нив, еднаш засекогаш, и почнување на еден наш живот, живот кој ќе го креираме со нашата способност, поткрепени со нивното драгоцено воспитување кои ни го пренесувале низ текот на годините.
Моментот кога културно треба да им се заблагодариме за тоа што го сториле за нас во животот и ментално да не ослободат од тоа дека рано е да почнеме сами да чекориме во животот.
Сепак на нив им ја префрлам вината за тоа што настануваат тие конфликти, и покрај тоа што тие ја збореле реченицата за децата во другите држави. Кога за најпроста работа од фарбање ѕидови и правење дизајнирани полици ( ти викаш дека треба модерен мебел или прозори или воведување благи бои на ѕидовите), родител ќе рече дека тоа на интернет врска немало, дека белата боја била стандард за кречење ти доаѓа да се преселиш во Амазонска шума во Бразил и да одгледуваш игуани :).
Контрадикторна генерација наспроти премногу напредна?
Како да намерно не сакаат да сфатат дека децата пораснале и дека сакаат малку поразлични, но сепак убави идеи од нивните, независно дали е на 21, 22 или 26 години.
Мислам дека самите секогаш разбираме, чувствуваме кога е дојден моментот да се одвоиме физички од родителите, и со лесни чекори да идеме напред.
А молер ќе најдеме, сигурен сум во тоа.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
праев муабет за ова со еден постар пријател ама тоа беше појке поврзано со политика ама сепак има врска... нашите родители, зборам за оние колку мене 18, 19 па и повеќе години, се образовани и растеле во едно друго време каде се било поинаку. Буквално било поинаку. да речиме за технологијата. Во времето кога тие растеле исе образовале радитот ителевизорот биле ретки а не как оденес интернет. И начинот на кој ги добивале информациите од тоа едно радио и една телевизија шо гасела програма во 22 часот останале врежани во нивните глави и зато тие си тераат како шо биле научени кога биле млади. Затоа она што младите го нудат им изгледа глупо и неморално, зашто кога биле на наши години не можеле да помислат или пак да направат нешто такво. еве ви пример пред некое време си купив зелени патики и бабами ми вика леле како ке ги носиш такви срамота е сите ке ти се смеаат шо не си купи некој бели или црни.. ама тоа шо ке правиш такво било времето кога растеел зато се навикнати на такво размислување и затоа така прават, а на нас ни преостанува да се бориме за си ги истераме желбите...
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Проблемот секогаш се наоѓа во авторитетот и одделување на дете како посебна индивидуа т.е засебна од родители.
Некои родители порано се спремни да го прифтат тоа како такво, а останатите на дете од 40тина години секогаш ќе гледаат како дете. Причина за второво е генерациски јаз - колку поголем, толку потешко за прифаќање.
Како да се промени?

Со македонски услови е многу тешко за реализација, бидејќи сам свој газда е најубаво. Во "полу-македонски" услови се останува на сопствената соба која ја уредуваш ти како што сакаш, а во добри услови се дава стан или куќа со целосно уредување препуштено на тебе. (колку вакви случаи познавате?!).
Реализација на сопствена република се добива од наследство, во моментот кога ќе се испратат родители на оној свет или под кирија за која се трошат многу пари.
Се останато е залудна борба, тежнеење да промениш нечие суштествување после пола век е речиси невозможно, а чини нерви, многу нерви.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Проблемот секогаш се наоѓа во авторитетот и одделување на дете како посебна индивидуа т.е засебна од родители.
Некои родители порано се спремни да го прифтат тоа како такво, а останатите на дете од 40тина години секогаш ќе гледаат како дете. Причина за второво е генерациски јаз - колку поголем, толку потешко за прифаќање.
Како да се промени?

Со македонски услови е многу тешко за реализација, бидејќи сам свој газда е најубаво. Во "полу-македонски" услови се останува на сопствената соба која ја уредуваш ти како што сакаш, а во добри услови се дава стан или куќа со целосно уредување препуштено на тебе. (колку вакви случаи познавате?!).
Реализација на сопствена република се добива од наследство, во моментот кога ќе се испратат родители на оној свет или под кирија за која се трошат многу пари.
Се останато е залудна борба, тежнеење да промениш нечие суштествување после пола век е речиси невозможно, а чини нерви, многу нерви.
Колку и да сме стари тие пак ќе не гледаат нас како свои деца, врежано им е тоа. Работата е, колку побрзо сфатат дека можеме сами да купиме паркет или да искречиме соба (дека не сме заостанати мутанти) без да доаѓаат со нас и да напињаат околу изборот на истите ствари, тоа подобро и за нив, и за нашите нерви. Тие иако не гледаат дека се нервираме на секоја нивна интервенција за банална работа, како да им е убаво истото да продолжат да го прават.
Или ќе се освестат у блиска иднина, или ќе останат такви какви што се. Како и да е, финансиската независност е убава и корисна работа. Треба да го испотиме газот за да почнеме да просперираме, само за наше добро, да си ги гледаме нашите интереси, за да бидеме горди и зрели возрасни луѓе.
Проблемот е што секој сака одма да биде директор, не прво да се помачи да заработи доволно пари за да стекне искуство и да дотурка до таа позиција.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ке почнам со тоа што ке напишам дека нигде не се спомнува дека постојат и деца кои не сакаат да се оделат од родителите за да ја формираат таа република.А верувам дека некој и ке се препознае во оваа категорија или пак бар познавате и некои текви.
Имаше дискусии на некоја од темите а и во погорните постови прочитав како пишува дека најголемиот проблем за неформирање на оваа самостојна република јас било тоа што на некои им била дадена само соба а во подобар случај стан или кука во наследство.
Кога веке се спомна и за пример една Америка,дали во Америка им се дава на сите деца наследство или им се купува кука?
Не би кажала дека најголемиот проблем е тоа.Тој проблем не би се јавувал доколку секој млад човек може да добие соодветно вработување или блиску до соодветното во однос на образованието и можностите.
Во Америка а исто и овде има деца на кои им се остава наследство но грото се деца на родители кои не успеваат да ја исплатат куката до нивната старост.
Деца чии родители не им оставаат ништо туку тие се оделуваат на тој начин што ке живеат под кирија.Не е лесен животот под кирија,го живеев цели 13 години и бев оделена од моите,но признавам доста ми помагаа до пред 5-6 години,и сега знаат некогаш да ми помогнат.Но битно јас се решив на тој чекор и сеуште го следам.
Кога би живеела со нив можеби ако не и сигурно дека немаше да ми биде сега животот ист.Можеби ке ми беше и подобар а можеби и полош.
Јас не оправдувам оправданиа зошто не сме можеле да го следиме примерот на младите не само во Америка туку скоро на секаде.Ако се сака се се може.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Praetorian

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Никогаш не треба да ги гледаме последиците за тоа што некои не се независни.Погледнете ја причината.Тоа сме ние.
Никој мене со сила не ме натерал да работам, нити пак да студирам факултет.Нити еднаш во животот немам земено пари за излегување во град.Од секогаш сум се снаоѓал затоа што можеби ми текнало порано да бидам независен, што се вели да почуствуваш своја пара во џеб.И убаво е, иако во истовремено е и напорно.

Проблемот кај помладите генерации е што се лешинари.Чекаат на нивните родители.Минимум за излегување во град 500/1000 денари.Да не спомнуваме месечно гардероба, кредит/сметка, потреби за на школо/факс.Па со просечни примања на родител од 12.000 денари таа цела плата нема да стигне само за еден средношколец/студент кој чека на неговите.
Некој за тие пари работи 12 часа тешка физичка работа во неподносливи и тешки услови.

Тоа е до самиот менталитет.Абе, што ќе работам јас шо ќе ми е да сум самостоен, подобро е вака, татко ми и мајка ми се ми плаќаат.
Тато ми купи кола -.-
Мама ми купи ајфон -.-
Уште еднаш ќе кажам, проблемот е до нас.Нема никаква врска разлика во генерации и слично.Доколку твоите родители видат дека си доволно зрел за да бидеш самостоен, верувајте дека од нив ќе падне голем терет.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
хахаха интересна тема, ми се погоди муабетот
- како што ние сме свесни дека се они растени во друго време и пробуваме да најдеме заедничко решение, така и они треба да се освестат дека тоа по новото време е сега и да попуштат
- се согласувам дека они се криви за кавгите заради горенаведеното
- јас сум личен пример дека родителот никогаш нема да те пушти туку така од раце ако види дека си доволно зрел, има да се тепа да му останеш дома подолго за да се нервирате подолго
- имам милион примери за тоа како и зошто си во право ама ќе се изразам на друго место
битно за текстов имаш (y) од мене