Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ми фалиш
Ама нема да кажам.
Никогаш...
Нека остане во мене.
Како и моите чувства.
Да конечно го направив тоа...
Те избришав.
Од секаде...
Фали уште од срцево и мислите...
Добро кажа ти,не сум за тебе...
Не си...
Никогаш и нема да бидеш...
Знаеш зошто?
Зошто кога некој ти значи му даваш подршка,љубов а не критики...
Како јас на тебе,се секаваш?
Се ке ти се врати.
Кармата е кучка...
Не,не те мразам.
Само те жалам.

Ајт
Може да прашам дали овие два написи се за ист фраер?
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
"Конечно не очекува заладување и намалување на екстремните температури, не карактеристични за овој период од годината".
Па што ако? До сега требаше да се имам навикнато на студот. Мај не би требал да е толку суров.
Зошто те нема? Како се осмели да ме напуштиш? Ми недостигаш.

Празниците секогаш ме потсеќаат на фамилијарните собири. И на нашата палавост. Јас. Ти. Нашето јурење по пустите скопски улици .Пусти исто како и денес.
Среќа. Среќа беше дождот што удираше по моето лице додека твојот смев одекнуваше во моите уши. Зошто ти беше моето ,,се" и јас твоето.
Зошто те нема? Како се осмели да ме напуштиш? Ми недостигаш.

Што стана со мене? Загубена во свет полн со илузии. Лажга.
Каде е твојата Марија сега? Твојата девојка со ,,чудниот" сјај во очите? Девојката во која веруваше повеќе отколку самата себе?
Тресокот од тлото ме боли уште повеќе , сега трезна и свесна за реалноста.
Зошто само тогаш бев твоја. Своја.
Зошто ме остави сама на овој свет кога знаеше дека стравот не ме остава да живеам? Како мислиш дека ќе продолжам? Те мразам, а пеколно ми требаш.

Ми фали мекоста на твојот џемпер. Ми фали твојата дланка стуткана до мојата, а најмногу тој поглед што немо кажува ,,Верувај, не се плаши и само подај ми рака."
Се ми се враќа сега. Тука се празниците. И дождот. И твоите омилени песни кој ги знам наизуст.
Слушаш ли? Ми недостигаш.
Секоја вечер се молам звукот на твојот глас никогаш да не избледи од мојата глава.
Зошто ако се изгуби, ќе се изгубам и јас.
Те сакам.
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Сакам да ти кажам....Ми недостигаш и мислам дека го знаеш тоа. Посакувам да беше обострано. Знам дека ке го прочиташ напишаново и можеби нема воопшто да допре до тебе. Мислам дека ти е сеедно што се случува со мене. Врати се во мојот живот, па макар и на некоја минутка...врати се, да ме вратиш во живот, ако некогаш ме сакаше и остана барем трошка од тоа. :(
 

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Сдтк, дека ке формирам политичка партија КДВ-каде дува ветрот, кој сака можи да се зачленi! :p :p :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Perfect

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Што замислуваш дека си?
Зарем смееш туку така да се вратиш во мојот живот?
Кој ти го дал тоа право вака да ме измачуваш??
Не верував дека некогаш ќе ми се случи ова.Јас сум силна..не можеш туку така да се прошеташ во моето срце...
Не смееш да ме убиваш...
Вчера се чувствував како да ме прегазил воз..потполно збунето...изгубено...
Тоа го нема кај мене...
Кој ти дава право да ме направиш слаба?
Дури и за мене е ова премногу...
Мислам дека моето срце не е способно да преживее толкава среќа...
Сигурно ќе има нешто за возврат...но,што?
Пак ли се да се урне...Пак ли да излеземе идиоти и двајцата само поради нашата преголема гордост?
Не ми е јасно навистина...
Зарем смееш да дојдеш туку така и да кажеш дека сум се за што од секогаш си сонувал,,не знаејќи дека истото се однесува и за тебе??
Зарем смееш?
Мислам дека ќе полудам... не знам што ќе биде денес...рече дека се ќе ми биде јасно...а што поточно?
Овој пат ти ли ќе избегаш?
Раната е сеуште отворена... се надевам нема така да ми вратиш.... се надевам дека овој пат јас грешам...
Реков дека ќе бидам силна .... но ти ме победуваш...
Ти реков вчера дека овој пат нема да те пуштам...
Дека ќе бидам тука за тебе...
Дали ќе бидеш и ти за мене??
Неизвесноста ме убива душо...се гушам во солзиве...сонувам ли?
Ќе останеш ли??
Немој да ме повредиш те молам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

destroy

Нов член
27 февруари 2013
13
18
3
Мило ми е што после толку месеци ми се врати повторно во животот. Се врати токму во вистинскиот период, тогаш кога ми требаше некој да ме поддржи и да ми ги оттргне мислите од грдите работи кои се случуваа. Навистина сум ти благодарна за тоа што секогаш знаеш како да ме расположиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana