Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Сакам да ти кажам, ама незнам дали на тебе или на овој што е до мене
или едноставно сакам само да си кажам,
без да биде наменето за некого...

Ама неможам бе така само да си кажам,
Затоа што ТЕБЕ сакам да ти кажам дека сеуште те сакам и те чекам
сеуште те сонувам, те замислувам и размислувам
за сите наши моменти поминати заедно
и за ни кои се надевам дека некогаш пак ќе дојдат...
Со друг сум да, ама не сум... Со тебе сум, иако не си до мене,
Со тебе сум, и само со тебе сакам да бидам, секогаш...
А ТИ си толку далеку :(

И на него сакам нешто да му кажам,
Извини, и добар си, и мил си ми, и се си најнај,
ама не си ОН!!!
Не си и никогаш нема да бидеш,
уствари никој никогаш нема да може да биде како него.
Излегувам со тебе, се гледаме секој ден,
се зафркаваме, се мазиме и пазиме ама...
Мислам дека само се залажувам себеси дека можам да сум со тебе,
а со тоа те залажувам и тебе...
Јас сепак го сакам НЕГО! :(

Збунета сум скроз на скроз, леле мајко сум збунета (worried)
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Сакам да можам да те заборавам наеднаш...сакам да ми си само едно убаво сеќавање...сакам ти да заборавиш дека сме постоеле. Зошто е толку тешко без тебе? Зошто неможам да те заменам? Зошто неможам да те заборавам? Сакам да си само една од многуте, тие за кои не ми беше воопшто гајле...зарем не може да се врати времето? Зарем не може да биде како порано...зошто љубовта не беше доволна, кога веќе ја имавме. Посакувам барем еднаш да те разберев, што зборуваш на тој чуден женски (странски ) јазик. Неможам да престанам да мислам на тебе...а сакам.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ме допираш, без да ме допреш..

Те допирам, без да те допрам..

Ме освојуваш,без очекувања...

Те освојувам, без очекувања..

Ме посакуваш,безусловно...

Те посакувам,безусловно...

Ме сакаш?

Тe сакам?

Љубов?

Да, љубов...
нескротена и чиста..

Љубов..
недефинирана и чудна..

Љубов..
неверојатна и луда..

Твоето име е љубов..
 

devil4e

Староседелец
15 октомври 2012
51
31
618
Ме загушуваш.........не можам да дишам..........свати веќе еднаш не ни било судено да продолжиме заедно......ќе се навикниш да живееш без мене.......еден ден...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: My name is Mija

destroy

Нов член
27 февруари 2013
13
18
3
Се чувствувам како целиот универзум да е наш кога студениот ветер во доцниве часови ни навлегува во коските и не приморува неконтролирано да се тресеме од студ додека се бакнуваме. Но дури и твоите премрзнати дланки околу мојот врат ми се доволно топли во такви моменти.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
''Мразам кога ме бакнува, а јас мислам на тебе. Мразам што усните ми се здрвени и не возвраќам на неговите страсти. Мразам што усните воопшто не пулсираат од желба да го бакнат онака како што копнежливо пулсираа за тебе. Мразам што кожата не реагира под неговите прсти и што упорно го бара твојот допир. Мразам што неговата прегратка изгледа толку ладно и празно што моето тело упорно трепери за да падне во онаа каде одсекогаш припаѓа. Најмногу од се - мразам што ми недостасуваш, јас му недостасувам нему, а тебе ти недостасува некоја друга... ''
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Без тебе би си заминале многу нешта од мојот живот, не би било ништо исто на она на кое сум навикнат, би се сменила сета животна боја.
Знаеш би исчезнал и оној отпечаток што го оставаш секаде со прстињата, утрата полни со насмевки и светлината на животот.
Не помислувај никогаш на заминување, затоа што без тебе не би останало ништо од среќата на која навикнав.