Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Тешко е без тебе, но уште потешко со тебе....истото би го кажала и ти за мене. Едно знам, Ти никогаш нема да бидеш повторно моја и како што кажа Авторот „...На местото каде што некогаш гореше оган, сеуште тлее жар....но ветриштата се неповолни, наскоро ке остане само пепел, како единствен сведок за љубовта која неповратно замина...“. Знам дека никогаш нема да бидиме исти, ни јас, ни ти, знам дека никогаш повторно нема да прозбориме. Само по некој скриен поглед можеби ке прелета...но сепак, ништо нема да е исто без тебе. Зарем љубовта не беше доволна? Биди среќна, јас ке бидам уште посреќен кога ке знам дека конечно се пронајде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, ZmajChe and devil4e

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593

Авторот бев Јас, и љубовта беше доволна и сеуште е..други работи недостасуваа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Сакам да ти кажам ...
Толку многу сакам да ти кажам ама неможам а и со тоа нема да ги сменам работите ...
Тие две магични зборчиња -те сакам, искрено го кажував и пак сакам да ти ги кажам...
И да, мечето уште мириса на твојот парфем...

  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Marchisio

destroy

Нов член
27 февруари 2013
13
18
3
Би можела вечноста да ја минам со тебе. Да бидам со тебе тогаш кога ми досаѓаш, кога ми кажуваш глупости, кога ме правиш нервозна, кога ја ставаш својата рака кај мене во врат за да си ја стоплиш, кога ме измачуваш, кога ме ставаш во незгодни позиции, кога намерно ме правиш љубоморна и се гушкаш со други. И знам дека ти имам кажано неколку пати дека те сакам, но всушност страв ми е кога помислувам на тоа бидејќи се плашам дека сепак е можно да те имам излажано, несвесно. Не сум сигурна за чувствата кои ги имам за тебе, постојат, не велам не, и од ден на ден стануваат се посилни и поцврсти, но сепак не сум сигурна дека тоа е вистинска љубов. Треба да си дадам време на самата себе, а и на тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: devil4e and Photographer

Katija

Нов член
11 март 2013
7
14
3
32
Ми недостасуваш како што Тито им недостасува на баба ми и дедо ми.
Ми недостасуваш како цуцлата на мало бебе.
Ми недостасуваш како што на студент ми недостасува последниот положен предмет за да исчисти година.

Ти кажав ли дека ми недостасуваш?
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Бакни ме, како да е потоа крај на свет.
Бакни ме, без причина, затоа што така ти вели срцето.
Почувствувај ме, овој пат до тебе.
Остани до мене, безусловно.
Бакни ме, дај ми време да можам да ти кажам врати се.