Дали барем еднаш помисли во последниве 5 месеци зошто се сменив? Ме повреди гаду! Би рекла дека срцето ми е скршено, ама не можам. Срцето е мускул. Мускул кој ја пумпа крвта низ нашите вени. А љубовта? Љубовта е во мозокот. Ми го скрши мозокот бре! Ми ја уништи самодовербата, желбата да успеам, волјата за живот...Ми го сврте животот наопаку. Те мразам истоколку што те сакам, па дури и повеќе од тоа. Ама уште те сакам. Те пуштив да си одиш - си отиде. Па зошто се враќаш? Зошто се враап сега кога конечно почнав малку по малку да те заборавам. Ќе ме умреш бре! Се разболев заради тебе.
Хах, мислиш лесно ми е? Добро, нека ми е лесно. Ама глупав си. Мислиш дека те заборавив, а јас правам се што можам за да ти покажам дека не сум. Тоа е твојот проблем глупаку! Никогаш ништо не сфаќаш!
Ма гајле ми е, не можам веќе да се нервирам, доста ми е!!! МРШ!!!