Ти успеваш она што никоја досега не успеа да го направи кај мене. Успеа да ме седнеш под туш и само да седам и размислувам додека водата паѓа врз мене и дури да не приметам дека се потрошила целата топла и почнала ладна вода да тече. Успеваш да ме натераш да се запрашам кој сум јас, што правам, што сакам? Успеваш да ме воздигнеш на ново ниво, некаде каде никогаш порано не сум бил. Ми даде надеж дека не е се` загубено со оваа планета. Почна да го осветлуваш мракот околу мене, моите мисли се Ти... Но не го сакам ова што сега го мислиш. Не, не правам будала од луѓе кои ми значат и за кои имам чувства. Тоа е исто ко да правам будала од самиот себе си и исто како да ги негирам сите тие чувства. Јас, човекот кој им дава преголемо значење на чувствата, уметноста ја гледа преку чувствата и нивната експресија...зарем би ги погазувал своите чувства? Зарем би станал она кое го негира целиот живот? Зарем...