Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Ми недостигаш. И двајцата сме тука, еден до друг, ама со отсутен поглед.
Ми недостигаат твоите допири.
Ми недостига само еден ден посветен на нас. Не барам повеќе, само еден ден за нашата љубов и страст.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Јас одамна ти кажав тебе се што требаше.Али ова е последно :D Ајт сеа магла
tumblr_mhk4m2HjGh1qm2o25o1_500_large.gif
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам што барам во љубовна исповедувачница, ама најсоодветна е сепак. :D

На, на, на...ево официјално посвечујем ти пост да не бидеш увреџен.
(читај со мојот „1000 во минута“ глас, без запирки, само рамно и со моите телеќи очи убедливо вперени во тебе)
Ти самиот треба да знаеш оти сум во ПМС (ко што не сум била со месеци!) и тогаш е очекувано да правам глупости поголеми од вообичаеното, па ми треба еден бокс да ме врати во колосек! А бокс нема! Плус не ме ни праша зошто сум така тивка цел ден, а имав причина, знаеш оти јас без причина не молчам.
И јас неќам да досаѓам, плус во овој сензитивен период сакам да се осетам ко посакувана пепељуга!
А јас се осеќам ко тенк акнат со канта.
Иако знам ти крчка над главчето да ми пишеш. :zelen

Добра ноќ! :wub

р.ѕ. Гордоста не ми дозволува да ти го пишам ова лично.
Додај ПМС на „гордоста“!
р.р.ѕ. Ти нагласив дека не паѓам на очекувани, типични провокации и комбекс. Сепак сум една смрдлива Металика и не играм по тие правила! (hug)
Јас ваква светната, раздрдорена...наместо да ме замолчиш, грабнеш и да бегаш, ти само бегаш.
Е да бе! :place

р.р.р.ѕ. Не го сфаќај ова ко извинување.
Не дека не е, ама не го сфаќај, ок?
Може па не е ни за тебе наменето.
Ама не реков дека навистина не е!

Ќе се смеам на постов кога ќе ми мине периодов.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не сум те заборавил
Не мислам и дека некогаш би се случило тоа
Нема да лажам ако кажам дека сакам
Некоја друга да го запоседни срцето мое на кратко
Да осетам како беше да сакаш и да бидеш сакан.
Дај објасни ми дека е крај...
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Двочасовна дискусија, 120 потрошени бесплатни минути... за што? Ништо да не откриеме, да не се разбереме, ништо да не се договориме? Виновен си што утринава го испуштив автобусот во 5. Да, задоцнив на интервјуто поради тоа. И да, и покрај се поминав. Го добив она што го сакав, она што ми треба - излез. Само што се вратив во глувчешката ни дупка, и се лутам самата на себеси зошто не дојдов за да средиме се. Немав време, морав да се вратам. И немам сила за да ти се јавам. Ти јави се... Исто како синоќа... Само не знам дали ќе бидам доволно силна за да одговорам на повикот.
Претешко беше... И вчера и денеска... Полека излегов од шок состојбата и сега се ме боли. Дури сега ме стигнува... Синоќа очајно се обидував да го сокријам сето тоа, да се разубавам за да не ми се познае тагата на лицето. И успеав. Мамев погледи на секој чекор, но ниту еден поглед не е како твојот - зеленоок, искрен, понекогаш невин, секогаш исполнет со љубов, страв да не ме повредиш, страст, желба... Може да се опише на толку многу начини... И сеуште не пуштив солза... Можеби - како што викаше ти - ми дехидрирале очите.
Ниту ми е до смеење, ниту ми е до плачење. Е**те животот. Баш најде кога да ми зададе уште еден удар...