Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Крај краева .. пак се сведе на моето. Ако ако, полека само. Ќе ме плукате прво, па после ќе бидам јас во право :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Како да му објаснам на тато дека не сакам да ми става глупости на ѕидот на фејсбук? :mad: Мислиш луѓето не знаат каков татко си или демек најдобар татко на светот си? :mad Барем да можев да а најдам таа опцијата да го заштитам ѕидот никој да не пише ... бруки :mad
хахааха бога ми гадно е... ама мене татко ми во порака ми праќа..... пошо чатот ми е оф за него, ме тормозеше многууу :D
сепак има мислам само еден да не ти пишува :) мислам... не сум разбарала подоброо.. сепак гуд лак :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Megan

Полноправен Член
31 јануари 2013
22
41
13
Како да му објаснам на тато дека не сакам да ми става глупости на ѕидот на фејсбук? :mad: Мислиш луѓето не знаат каков татко си или демек најдобар татко на светот си? :mad Барем да можев да а најдам таа опцијата да го заштитам ѕидот никој да не пише ... бруки :mad
Prilagoduvanje na profilot od strana vremeplov i oznacuvawa ... re{i go vedna{ tvojot problem ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and ZmajChe

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
31
Во неговото срце.
Очите се огледало на душата. Колку и да посакаме да прикриеме како се чувствуваме, очите се тие кои не издаваат.. Понекогаш се тажни, а понекогаш во нив има таква искра која му докажува на светот дека сеуште се радуваш, дишеш и живееш.

... животот е падни = стани.. Исто како кога сме болни, па ќе оздравиме... како кога сме среќни, па ќе се натажиме..

..животот е круг и нема враќање... особено не на младоста.. Затоа грабајте од животот додека имате време, уживајте во него и радувајте се. Голтнете ги сите лоши зборови, затворете очи на сите неубави работи... Продолжете да сонувате како кога бевте мали .. верувајте дека можете и јас верувам дека ќе го постигнете она што го сакате.. Само со силна верба и трпеливост се стига до врвот.. Не се залажувајте дека ништо не е вредно денес и дека трудот не се исплати, дека врските си го прават своето.. Точно е до некаде, но доколку имате знаење, амбиции, идеи.. сето тоа никој не може да ви го одземе.. и ќе успеете.. верувајте...
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Денов го поминав онака насмеано шо ретко се случува понеделник така да ми помине.Вечерва решив не учам. :D Ќе си се опуштам уз песните на Eagles и ќе шарам низ мислите :D Незнам ни јас што кажав,моментално ги слушам и целосно сум препуштена на нив.Адиос!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
ЕВЕ НЕШТО ОД МЕНЕ

1. Животот не е фер, ама сепак е добар.
2. Кога се двоумите, прво направете го следниот мал чекор.
3. Животот е прекраток за да не уживате во него.
4. Вашата работа нема да се грижи за вас кога ќе се разболете. Семејството и пријателите ќе се грижат.
5. Не купувајте работи што не ви требаат.
6. Не треба да излезете како победник од секоја расправија. Само останете доследни на себеси.
7. Кога плачете, исплачете се во присуство на некој близок. Тоа ќе ви помогне побрзо да ги излечите раните, отколку кога плачете сами.
8. Во ред е да му се лутите на Бога. Тој може да го разбере тоа.
9. Штедете пари за она што ви е важно.
10. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден, јадете го.
11. Склучете примирје со минатото, за да не ви ја уништи сегашноста.
12. Во ред е ако им дозволите на вашите деца да ве видат како плачете.
13. Не споредувајте го вашиот живот со другите, бидејќи не го знаете нивниот животен пат.
14. Ако една врска мора да биде тајна, тогаш не треба да сте во неа. Или...???
15. Сè може да се промени со само едно трепкање на окото. Но, не грижете се, Бог никогаш не трепка.
16. Земете длабок здив. Тоа го смирува умот. И смирува.
17. Ослободете се од работите што не ви требаат и не се корисни. Нивната тежина ве влече надолу.
18. Она што нема да ве убие, навистина ќе ве направи посилни.
19. Никогаш не е предоцна да бидете среќни. Но, тоа зависи само од вас и од никој друг.
20. Кога тргнувате по она што навистина го сакате во животот, не прифаќајте „не“ за одговор.
21. Запалете ги свеќите, постелете убави чаршафи, облечете секси облека. Не чувајте ги за специјална пригода. Денеска е тој ден. Уживајте во него.
22. Добро подгответе се, па потоа опуштете се и полека „запловете“ по животот.
23. Бидете ексцентрични. Не чекајте да остарете за да облечете розово.
24. Најважниот сексуален орган е мозокот. Искористете го.
25. Никој не е одговорен за вашата среќа, освен самите вие.
26. После секоја животна катастрофа запрашајте се: „За пет години, ќе ми биде ли ова важно?“
27. Секогаш одберете живот.
28. Простувајте, но не заборавајте.
29. Она што другите го мислат за вас, не е ваша работа.
30. Времето лечи речиси сè. Затоа дајте му време на времето.
31. Колку и да е добра или лоша ситуацијата, таа ќе се промени.
32. Не доживувајте се себеси толку сериозно. Никој друг не ве доживува така.
33. Верувајте во чуда.
34. Бог ве сака заради тоа што Тој е таков, а не бидејќи нешто сте направиле или не сте направиле.
35. Не правете ревизија на животот. Искористете го најдобро што можете.
36. Стареењето ја победува алтернативата – да се умре млад.
37. Вашите деца имаат само едно детство. Дозволете им го.
38. На крајот, сè што е навистина важно е љубовта.
39. Излегувајте надвор секој ден. Чуда се случуваат насекаде.
40. Ако сите ги фрлиме проблемите на еден куп и ги погледнеме туѓите, веднаш ќе си ги зграбиме своите назад.
41. Зависта е губење време. Прифатете го она што веќе го имате, а не она што мислите дека ви треба.
42. Најдоброто допрва ќе дојде…Бидете сигурни во тоа.
43. Без разлика како се чувствувате, станете, облечете се и излезете да прошетате.
44.Следете го своето срце.
45. Никогаш не ја губете страста.
46. Животот не го добивате завиткан со панделка, но, сепак, тој е подарок.
47. Придонесувајте и за вас и за општеството.
48. Почитувајте ги своите родители.
49. Пријателите се многу важни, затоа чувајте ги дарувајќи им се.
50. Зграпчете го денот и уживајте во него со сите сетила.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and S.B.

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ццц деновиве да му е страв на човек да отвори некоја мрсна тема. да чита со сласт и да му е убаво на душичката а да го нема во Членот X беше забележан.... Ако ако ќе си се пуштам јас во 4 насабајле без секирации :p

Ќе те најде Мајорон и тогаш не се секирај, тој спие само од 11до12 насабајле, тогаш ако успееш нешто арно иначе ништо не прајш :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky
Статус
Затворена за нови мислења.