цитирам : „Јас ако грешно кажвам, точно мислам!!“
хихи
Детска радост! Ќе ги научи со вежбање
Јас сакам да си кажам дека морам да си купам време за себе. Се запоствив.
А семестарот само што почна. Не ми е толку тежок материјалот колку што е обемен.
Заспивам доцна а се будам рано.
Денов ми започна уште во 11 со кафе и интеграли.
Сега правам пауза, а од кујната се шири мирис на цимет. Но, што е тука е.
А колку брзо си тече времето, тоа е чудо!
Во животов премногу запирки. Некои нешта се такви да станат јасни во најматното време. Мораме да погледнеме подлабоко во нас и да заминеме со дигнати глави. Човек преживува и со малку, ама скромност - не повеќе. Интимата - во спалната соба. Сарказам и метафори во умерени дози
Имајте уубав ден иако сонцето го нема, згответе нешто здраво денес и гушнете некој.