Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Оооо временце глупаво,дај оправи се веке еднаш...се смрзнав.СЕ СМРЗНАВ -.- .За се е крива Гулабицата.
Ова на ништо не личи.Трагикомично е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Брееее ама сте изнапишувале не можам да постасам се да прочитам. :giggle(bravo)

Се мачам со еден проект по хемија проектна, не можам да најдам ниедно соеднинение кое содржи Арсен, ако некој најде или има нешто во некоја книга ќа замолчам да ми прати или да сликне.
Ако го тргнам проектот се е супер, дури и за писмените кои не учев, добро поминав, ќе видеме како оценките, но ми кажаа што и да извдам нема да ми влијае на оценката во дневник. (happy)

И да малите нешта ме прават среќна...

Aaa да и пилето се вика Миле, брат ми си го одбра за да се римувало со пиле:rofl
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
сдк кој Колдплеј кој бакрачи... Жељко е цар :)

ме наежува песнава ептен (bravo)



Мој фаворит (inlove)

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

треба да излезам,немој да му текнало пак да се разврни :cenzura време
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis, JaMi and Lady*

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Понекогаш за нечија смрт не знаеш како да реагираш.
Да плачеш или да си неутрален?!
Таа беше жена на која сите од моето семејство и молчеа и ја почитуваа со сила. Не зашто заслужила, туку зашто тоа беше таа!
Јас секогаш пред неа морав да внимавам како се однесувам, што ќе кажам, како ќе кажам... Пред неа, јас не бев јас.
Не се радував на нејзините доаѓања поради тие причини. Но, ги сакав нејзините деца и нејзиниот маж.
Па, веројатно ја сакав и неа...
Жената која во мојот дом престојуваше нецел месец во годината, но правеше разор и немири...
Жената која целиот свој живот глумеше и изиграваше нешто што не е.
Жената која на крај изигра подло и на своите деца не им обезбеди добра иднина.
Жената која јас ја нарекував стрина. Која 12 години се грижеше за мојот вид. и која многу ме повреди мене, моите родители, моите баба и дедо и мојот чичко...
Таа денес замина.
Почина после мачна и болна борба со ракот.
И колку и да ме повредила, колку зло и да нанела не можам да бидам рамнодушна на нејзината смрт...
Сепак ми беше блиска роднина... За злото кое го нанела има кој и да наплаќа.
Жалам што нема да присуствувам на нејзиниот погреб и што на моите братучеди нема да им дадам поддршка и да изразам сочуство. Но, тие заедно со неа така избраа.
Нека и е лесна земја.
Нека најде мир на небото, ако го немаше на земјата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
вчера ќе ми беше последен ден како форумџија за малку
 
Статус
Затворена за нови мислења.