Сакам да кажам/Сакам да прашам

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
Многу ми е траги-комично кога луѓе по интернет си пуштаат водичка, но никако не седнуваат во живо да си го решат проблемот, ко зрелите индивидуи што се прават дека се. Абе, ќе споделува слики, цитати, песни, посветени статуси, ќе коментира глупости со други... ама нема и нема да седне очи во очи да најде решение. После народот крив, народот се мешал. Ај ти уште малку пласирај на тацна (впрочем, што е и целта, ако не барање внимание), па после жали се.
Гордост ли е, глупоќа ли е, ама „паметниот човек вака, мудрите луѓе онака“, остава сосема спротивна слика од посакуваната.
Jesus fucking Christ и Мајка Богородица.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,026
9,656
1,683
Normandy

Не можам да сфатам само како наоѓаат толку слободно време кога и самите во секој коментар се жалат дека не можат ништо да постигнат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
Не можам да сфатам само како наоѓаат толку слободно време кога и самите во секој коментар се жалат дека не можат ништо да постигнат.
Сестрани бе. Imse moze!
Па, не можат оти не можат да се тргнат од интернет т.е. обично тие и се со најмалку обврски, ама сакаат светот да ги мисли за многу продуктивни. Ја документираат секоја ситница, па мислиш којзнае што зафатен ден имале, кога реално, сите јадеме, сите може да се сликаме со отворена книга, сите пуштаме музика во текот на денот или излегуваме некаде... е сега, не сме сите патолошки лажговци да го убедуваме светот дека работите ни се под конец.
Имаше некаде извадок, нешто у стил "People are depressed because they compare their darkness to other people's highlight reel." И тогаш погорниве излегуваат на површина во сиот свој сјај и да си направат за момент да се интересни и битни. (worried)
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Можам да разберам женска алапача, ама од машка алапача, полошо нема(facepalm)
 
Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Некои луге сакаат да вe направат и вас мизерни како тие што се и затоа ке ве малтретираат за да се чуствуваат подобро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

KrIsTiJaN1

Нов член
13 април 2016
1
0
1
26
Денес пластиката од вратата на микробрановата се стопи поточно додека подгревав храна тенџерето се судрило со вратата и пластиката се стопила и има дупка. Ја вклучив повторно и нема некој мирис на изгорено, ама читав по странски форуми дека не е безбедно да се користи. Затоа ве прашувам за мислење дали е безбедно да се користи вака оштетена и дали е можно стопената пластика да се смени. Пробав да ја одлепам и може да се одлепи, па можеби може и да се смени. Прикачив и слика за да видете како е ;)
 
Прикачувања

  • IMG_20160413_165531.jpg
    IMG_20160413_165531.jpg
    1.7 MB · Прегледи: 10

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Се тркам со времето, вака ми е веќе четири години. Барем уште две нека летнат со многу успех и ќе сум презадоволна.
Месецот што следи ќе ми биде исполнет со преголема среќа за моите најблиски. Нека им нема крај на убавите моменти :)
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Ту бреј ама ме заеба времево си викам слободна, ќе перам теписи мајка ми вика времето убаво ке е да почнам ја кога ќе дојде она ќе завршиме заедно.. На к,,ов ќе переш, заврна |-(:mad: