Денес е голем ден за жените. Пред 100-тина години се случила важна револуција поради која денес жената е на таа позиција во општеството на која што е. Позиција каде што жената е рамноправна со мажот од повеќе аспекти. Не можеме да знаеме што би било кога тие храбри жени не би се спротиставиле на глобалното мислење на тогашното општество и не се бореле за своите права. Само сум благодарна што постоеле такви жени што биле интелегентни да се организираат и подготвени да се кренат против мнозинството и успеале во нивната цел. Мислам дека многу луѓе, вклучувајќи ги и самите жени, не се свесни за големината на тие настани пред цел еден век. Денес на овој ден цвеќарниците и разни продавници прават огромен профит, а учителките добиваат еден куп подароци. Реално гледано, ако некој треба да си подарува некакви поклони тоа се жените меѓу себе. Жените во минатото се кренале за вас денес. За да не бидете угнетувани и да се прифати и почитува вашата вистинска вредност.
Нема да честитам 8-ми март на никого, бидејќи ги ценам и почитувам жените 365 дена во годината, 24 часа во денот. Не само денес. Благодарам Клара Цеткин! Благодарам Роза Луксембург! Благодарам на сите жени кои ве подржале и стоеле едногласно и храбро покрај вас!