Сакам да кажам/Сакам да прашам

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Е абе многу се курчам коа едно моронче од жена се праи паметна по социјалниве мрежи и една година сере зад мој грб. Добро бе мамата, нели те здоболе устата од зборење, исто та исто? Нели можеш да преболиш една работа, која ја дрвиш повеќе од една година. Сфати дека не те сака и некад ако помисли да ти се врати, нема тоа да се деси. Не ради мене, туку ради тебе и таа твоја глупа булдог фаца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Една од разликите помегу мажите и жените :D
382239_588171627862649_1475893814_n.jpg
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
СДП денешниов празник е празник на жените или на женскиот пол? Малку ми е нејасно, зашто цел живот го знам како првото, а пред неколку години почнаа со второво. (think)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Јас не сум јас ако настинам :D
Ама уво ме боли за све...
Денот ми се погоди,тикара такара :igra
Шала на страна,ми се спие ми се плаче...
Ако спијам сега вечер нема да можам.
Шо галамеш бе Мери?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Денес е голем ден за жените. Пред 100-тина години се случила важна револуција поради која денес жената е на таа позиција во општеството на која што е. Позиција каде што жената е рамноправна со мажот од повеќе аспекти. Не можеме да знаеме што би било кога тие храбри жени не би се спротиставиле на глобалното мислење на тогашното општество и не се бореле за своите права. Само сум благодарна што постоеле такви жени што биле интелегентни да се организираат и подготвени да се кренат против мнозинството и успеале во нивната цел. Мислам дека многу луѓе, вклучувајќи ги и самите жени, не се свесни за големината на тие настани пред цел еден век. Денес на овој ден цвеќарниците и разни продавници прават огромен профит, а учителките добиваат еден куп подароци. Реално гледано, ако некој треба да си подарува некакви поклони тоа се жените меѓу себе. Жените во минатото се кренале за вас денес. За да не бидете угнетувани и да се прифати и почитува вашата вистинска вредност.

Нема да честитам 8-ми март на никого, бидејќи ги ценам и почитувам жените 365 дена во годината, 24 часа во денот. Не само денес. Благодарам Клара Цеткин! Благодарам Роза Луксембург! Благодарам на сите жени кои ве подржале и стоеле едногласно и храбро покрај вас!
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
СДП денешниов празник е празник на жените или на женскиот пол? Малку ми е нејасно, зашто цел живот го знам како првото, а пред неколку години почнаа со второво. (think)
Што е разликата измегу овие две?:)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Само колку плантажи се зачуваа а воедно колку цвеќари пропаднаа денес поради фејсбуков. Среќен нека им е на оние што подаруваат од срце, секој пат со чиста спонтаност.


Ме мрзеше да го прекуцам па си го пастирав и тука.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
СДК прекрасен ми е денот, од Црвен крст се договоривме и направивме цвеќиња (јас ги обучував) и ги делевме на случајни поминувачи (жени), душата ми се полнеше кога ќе видев насмевка на нивното лице.
Ова на сите им го кажав, одеше една бабичка наведната и и’ пријдов и реков Среќен 8ми март и подадов цвеќе, се исправи ми блескаше од среќа, беше изненадена ми се заблагодари и ме благослови. :)

Сите што делевме денес супер си поминавме, си го направивме денот убав што други изненадивме. Никој не очекува случаен минувач цвеќе да подари, не можам да ги заборавам насмевките.
62735_390115647753615_1733716992_n.jpg


Среќен 8ми март Дами!!! :*

images
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Просто си се чудам на самата себе како си повтарам некои грешки...
Ми треба воспитна мене...Клоца,шамар или некој здрав котек кој ке ме свести.
После друг ми е крив,не Мери сама си крива.Сама и никој друг.
Ама guess what?Не се замарам веке...
Само мојата срека е важна...И ке работам на неа.
И веке почнав...
Толку.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Ајде и од мене, среќен празник на сите жени и мајки. Светот не би бил она што е без нив. Денеска се чувствувам одлично. Колку е убаво кога си среќен, бидејќи си усреќил некого и им го имаш разубавено денот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Selma