Што ќе ви е стар скин? Јас тешко се привикнувам на промени, ама новиов е Кока-кола за стариот.
Вчера сум си го пропуштила виртуелниот втор роденден...сликичкаодколачеикоктел.јпг.
Ама видете шубав подарок си добив(ме).
Ова е официјално најдолго време едно место да ми задржи внимание....*продолжува со потресен говор за минатото и очекуваниот напредок*
Кхм...ениуеј, многу ми е незгодно кога гледам голи бебенца насекаде. Ај, бар pedobear approves.
У реду, имате бебе. Да, слатко е, преслатко. Не, не мора да го сликате секојпат кога кака или му тече лигушка и да го лепите на секоја наградна игра онлајн. Абе, децава ко трофеи ви станаа - гласајте за моево, удрете ми лајк, убаво ли ми е бебето?...Ти што мислиш? Убаво ли ти е?
Имајте милост бре! Човечко душиче е, не ваша играчка за лечење комплекси.
Трици да јадат сите кампањи и бесплатни делења кондоми. Џабе, кога не можете да го заштитите мозокот од оштетување.
Просто децава едвај да чекаат по 20ина години да си го видат голото газе/туле како им кружи по интернет.
Ура за современите родители и нивните амбиции околу децата!
Ај бар фармата ви е навремено средена и почиста од домот.