Сакам да кажам/Сакам да прашам

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
СДК дека преку глава ми се милионите статуси за дождот!Е добро де врнело,па што?Како којзнае што се дешава...
Наводно седи дома,пие чајче,капучино или топло чоколадо оти друго не одговара,чита добра книга (мхм,да) ,обавезно седи до прозорецот за да има поголем ефект напишаното,и во позадина одат Purple rain,Here comes the rain again,Singing in the rain и сите други песни за дождот...
И секако нели, не се заборава она feeling relaxed.(facepalm)
Епа feeling терсене заради дождов,така да си знаете.|-(

November Rain ја заборави :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis and cakar_ulav

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Не сум сигурен дали сакам да кажам или сакам да се пожалам, но најверојатно е второво.


Попуштив психички, трпението го изгубив што го имав сите овие 12 години, секој нормален човек ќе почне да се побудалува. Сега на сето тоа е капак со колоквиуми (не не сум џабе запишан на факултет, и затоа се нервирам), немам доволно услови и мир за учење, ма кој ме онади ( ни 2%). Ми се здосади да го водам овој безнадежен живот, во кој не гледам во иднина како ќе се поправат работите. Брат ми е аутистичен (потежок процес), можеби грубо звучам и ме боли што ќе речам, изгубена надеж!

Пред се заради (не)моќноста на нашите лекари, а потоа и на родителите мои затоа што не можат да му пружаат третмани во странстви кои што и тие не ветуваат дека ќе се опорави.

Порано бев доста религиозен, и коа баба ми велеше пратени сме на Земјава под казна да се мачиме, зарем не ми беше доволна таа казна, па да ме казни уште со ова? После ова веќе ни верувам во религија ниту пак ме интересира, ме фаќа иронична смеа на сета мака.

Постојано се убивам психички самиот себе, што ли понатаму, што ќе се случи во иднина? Со секоја измината минута/ден се ближи денот кога ќе се разделам со брат ми.
Веќе губиме контрола и врз него не се дочувува само проблеми прави по дома. :eek


Од една страна си мислам дека поубаво и што пишав на форум (скоро и не ме знае некој/а), отколку да му кажев некому па по некое време да се радува на моите проблеми.
Можеби звучам како главен лик од шонен аниме, но, никогаш не ја губи верата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Не сум сигурен дали сакам да кажам или сакам да се пожалам, но најверојатно е второво.


Попуштив психички, трпението го изгубив што го имав сите овие 12 години, секој нормален човек ќе почне да се побудалува. Сега на сето тоа е капак со колоквиуми (не не сум џабе запишан на факултет, и затоа се нервирам), немам доволно услови и мир за учење, ма кој ме онади ( ни 2%). Ми се здосади да го водам овој безнадежен живот, во кој не гледам во иднина како ќе се поправат работите. Брат ми е аутистичен (потежок процес), можеби грубо звучам и ме боли што ќе речам, изгубена надеж!

Пред се заради (не)моќноста на нашите лекари, а потоа и на родителите мои затоа што не можат да му пружаат третмани во странстви кои што и тие не ветуваат дека ќе се опорави.

Порано бев доста религиозен, и коа баба ми велеше пратени сме на Земјава под казна да се мачиме, зарем не ми беше доволна таа казна, па да ме казни уште со ова? После ова веќе ни верувам во религија ниту пак ме интересира, ме фаќа иронична смеа на сета мака.

Постојано се убивам психички самиот себе, што ли понатаму, што ќе се случи во иднина? Со секоја измината минута/ден се ближи денот кога ќе се разделам со брат ми.
Веќе губиме контрола и врз него не се дочувува само проблеми прави по дома. :eek


Од една страна си мислам дека поубаво и што пишав на форум (скоро и не ме знае некој/а), отколку да му кажев некому па по некое време да се радува на моите проблеми.

Пред се сакам да ти кажам дека не ти пишувам да ти солам памет, или да цитирам некоја голема мисла, како демек ќе ти помогне. Не, не помага тоа.
Тешко е кога ќе ти се насобере се и мислиш дека не можеш понатака и мислиш немаш каде да се обратиш. Зошто ние луѓето станавме премногу расипани и зајадливи. Станува се потешко на некој да му се довериш со намера едноставно да ти олесни. И тоа на сите ни е јасно а сепак се повеќе се затвораме и стануваме такви. Сепак, не ми беше тоа целта, да правам социолошки анализи. Целта ми е да ти кажам, дека најдобар потег е да го искажеш тоа што го чувствуваш, па дури и на форум. И воошто да не ти е гајле дали некој ќе го прочита или не, дали некој ќе те разбере или не, дали некој те познава лично или не. Се додека го преточуваш тоа во текст – работиш на себе, а со тоа и ќе се справиш со истото.

Не доаѓаме на светов да се мачиме. Доаѓаме да сфатиме што значи да сме живи. А тоа подразбира и радост и среќа и мака и олеснување. Само така ги цениме работите. Зарем навистина е битно дали мора да учиш? Ако периодов си под стрес или едноставно не можеш да учиш - повеќе посвети се на себе и на емоционалната состојба. Покрај се, за кого учиш и за што учиш? За себе, нели? Што ќе ти е знаењето ако се мачиш себе си постојано??

Проблемите на моменти повеќе не притискаат на моменти помалку. Не гледај во огледало лик што е преокупиран со проблеми, туку човек што знае како да се носи со нив. Биди горд на тоа, биди горд на себе. Твоите најблиски се пресреќни да имаат таква личност како тебе во нивниот живот што е премногу грижлива. Давај се од себе но не биди себичен, дади малку простор и на себе. Само напред.


Не знам како ќе го сфатиш ова напишаново, но го напишав најдобронамерно, како непозната личност за друга непозната личност. Главата горе.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Македонија стана членка на Советот за човекови права на ООН. Со 177 гласа, Македонија е избрана за нова членка на ова највисоко тело меѓународно тело посветено на човекловите права. (handshake)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly and Badgirl