Не сум сигурен дали сакам да кажам или сакам да се пожалам, но најверојатно е второво.
Попуштив психички, трпението го изгубив што го имав сите овие 12 години, секој нормален човек ќе почне да се побудалува. Сега на сето тоа е капак со колоквиуми (не не сум џабе запишан на факултет, и затоа се нервирам), немам доволно услови и мир за учење, ма кој ме онади ( ни 2%). Ми се здосади да го водам овој безнадежен живот, во кој не гледам во иднина како ќе се поправат работите. Брат ми е аутистичен (потежок процес), можеби грубо звучам и ме боли што ќе речам, изгубена надеж!
Пред се заради (не)моќноста на нашите лекари, а потоа и на родителите мои затоа што не можат да му пружаат третмани во странстви кои што и тие не ветуваат дека ќе се опорави.
Порано бев доста религиозен, и коа баба ми велеше пратени сме на Земјава под казна да се мачиме, зарем не ми беше доволна таа казна, па да ме казни уште со ова? После ова веќе ни верувам во религија ниту пак ме интересира, ме фаќа иронична смеа на сета мака.
Постојано се убивам психички самиот себе, што ли понатаму, што ќе се случи во иднина? Со секоја измината минута/ден се ближи денот кога ќе се разделам со брат ми.
Веќе губиме контрола и врз него не се дочувува само проблеми прави по дома.
Од една страна си мислам дека поубаво и што пишав на форум (скоро и не ме знае некој/а), отколку да му кажев некому па по некое време да се радува на моите проблеми.