....Изминуваше третиот ден како беше прогласен за бегалец. Три дена ги помина во станот на другар му. Не се осмелуваше да се појави на тарасата а камоли да излези на улица. Знаеше дека некој ке го препознае зашто неговата слика и уште на неколкумина други што сеуште беа на слобода се вртеше на државната телевизија. Мобилните сеуште му беа исклучени.Не се осмелуваше да ги уклучи од страв дека ке го лоцираат. Иста беше ситуацијата и со неговиот лаптоп во кој имаше вредни документи за криминалот на лица поврзани со власта. Неговиот другар го снабдуваше со јадење и цигари. Некогашните 7-8 цигари дневно, сега беа заменети со 2 кутии на ден. при крај беше со пари. Знаеше дека не смее да ја користи картичката. Нервозата го јадеше од внатре и беше на раб за да ги изгуби нервите и директно да се фрли во рацете на домашниот окупатор.
- Проклето нека е се. Каков ли е овој кучешки живот? Три дена не сум излегол од тука. Три дена. Зошто? Затоа што мојата потреба да зборувам за нивните валкани работи е погрешна? Проклет нека сум и мојата голема уста. Кој знае како е дома кај мене.. Со солзи во очите и пресушеното грло кое не беше навикнато на толку цигари се исповедуваше на својот другар.
- Ти реков ама не ме послуша.
- А што? Требаше да молчам. Не можев.
- Е па еве до кај те дотера. Ја изгуби иднината, фамилијата... Господ на помош, само брат..
- е*и му матер на то п***р. Ако беше толку праведен зошто јас треба да сум зад решетки а тие да бидат славени ко светци? Да тие што го земаат лебот од оние што најмалку го имаат полнејќи ги нивните џебови и ширејќи ги нивните стомаци.
Запали уште една цигара и излезе на тарасата. Прв пат во тие три дена. Го забележа неговиот цимер како стои на терасата од неговиот стан. Сакаше да му мафни но се плашеше. Автомобилот што пред некоја вечер беше паркиран на тротоарот повторно беше таму. Тоа беше истиот автомобил што неколку дена пред ноќта во која требаше да биди уапсен го забележа на неколку места низ град. Тогаш претпоставуваше дека можеби е следен. Ете, за жал бил во право.
- Проклети кучиња- промрморе.
- Што? Рече нешто? – праша другар му.
- Ништо. Кучињава повторно се пред зграда. Чекаат да се вратам. Ке се вратам и ке им вратам...