20.02.2013, 16:25
Били Ѕвер се ожени со својата 16-годишна девојка на турбо-рап свадба
Раперот Били Ѕвер направи голема свадба со својата избраничка, шеснаесетгодишната кавадарчанка Марија. Веселбата на која што имало над 400 гости се одвивала во ресторан во Кавадарци, како што вели Били, во турбо раперски стил.
"Не сакав да имам класична свадба според некоја си демоде шема со песните од стилот "Зете мили зете" и "Ти донесов млада невеста". Со Марија се договоривме да влеземе во салата за свечености со тапани и труби и во тој стил продолживме цела вечер. Иако имав мали непријатности пред свадбата, бидејќи кумот ми откажа во последен момент, сепак мојот колега и добра пријател, раперот Кербер се согласи да ми биде кум и така ја спасивме веселбата. Покрај Кербер, мои гости беа и многу други рапери од земјава, како Дарк Мен, Зоран Алексиќ, но имаше и колеги кои што пеат друг вид на музика, а меѓу нив секако и мојот драг пријател Ѓоко Танески со кого што настапивме заедно на Евросонг. Накратко, свадбата помина многу весело, јас се фатив за микрофонот неколку пати, а најмногу аплаузи собрав кога ја отпеав мојата песна "Турбо рапер" , ни изјави Били.
Кој му е најдрагиот подарок што го добил на свадбата, тој вели дека сите гости подароците му ги донеле во плик, па така сега размислувал со каков автомобил да се поднови.
" По свадбата, се подготвуваме за доаѓањето на бебето. Треба да се роди во јуни и со Марија сме многу среќни поради тоа. Веќе размислуваме кое име да му го дадеме, а јас потајно се надевам дека ќе биде рапер како мене, вели раперот кој наскоро ќе започне со снимање на нови материјали и со редовни настапи по паузата поради семејните обврски.
Искрено ташак ме заболе за Свадбата на били свер