Обожавам рил лајф верзии на Џони Браво!
Барем на цртаниов е хумористично претставен, ама во вистински живот се па-те-ти-ка.
Немање водичка у очи и чукање у груда. Најголемо достигнување да ти е дома што си се вратил пијан без да повратиш, и со тоа да очекуваш да импресионираш 10 години помали...ви личи. Па не ме ни чуди што никое „маче“ не ве сака.
Не, озбилно е срамота да си доста навлезен во трета деценија, а да се понашаш ко неартикулирано говедо сред нива со зелки.
Ме иритираат флегми. Онака, сака да каже нешто, а со клешта треба да му влечеш збор по збор за да каже три реченици во еден саат. Па сакаш ли ми ти тегнење и мрморење на сопствен нос. Пропали абортуси, да ми простите.
Не сум вредна мексичка домаќинка во америчко семејство која работи за 3 долари од саат, ама една салфетка бе да не можеш да си земеш и да масираш други, е најбеден и најпровиден обид за привлекување пажња. Точка.
Па то треба да се убие, Цаци бил у право.
Оо, факултетов ми е промашен 102,3%! Златна криминалистика плаче за мене ко јас што плачам од шизофренички настроени, средновековни поети што седеле затворени во темни одаи и со денови млателе слама за замислени или платонски љубови чии глуждови ги виделе случајно на пазар едно неделно утро.
Абе, милина.