Нигде не реков дека е тешко туку збунувачки. Ставиле снежец, годинка и одговори деминутиви и хипокористици. И сега нашата професорка ни има речено дека тоа е едно те исто и во прирачникот нема нигде хипокористици. После она со легендата за Хамлет, сум слушал, ама кога било тоа? Треба да се сеќавам на тоа од прва година? Во прирачникот нема споменато ништо, за да се потсетам. Додека нормално за Сердарот знаев. Поентата ми е дека ставаат работи што ги нема во прирачникот, а демек нема ништо друго надвор од него.За Песната од Ацо Шопов до негде си у право, ама не можеш да кажеш дека другото било тешко. Прашањата од извадоците од Хамлет и Дон Кихот беа прелесни за мене. Доколку си слушал на час, нема потреба ни да отвориш книга и да ги учиш/читаш критика. Ако нема прашања што сака пистелот/поетот да каже, тогаш што е поентата на обработување на тие дела/песни. Какви прашања сакаш, кои се главни ликови во Дон Кихот?
Граматиката имаше неколку прашања со дополнување, а све останато со заокружуење. Од тоа полесно нема.
А за тоа дека можеш да платиш, тоа никогаш нема да се искорени... таква ни е државава.