Maтурска вечер... вечер кога завршува безгрижоноста во учењето и се оди кон нов, подобар академски живот... NOT!
Вечер на кичерај, сатен, светки, пренашминканост, пластичност и неприродност. Јас не знам што им е на денешниве девојчиња, ама на се личат освен на девојчиња. Која е целта да се преправиш како тетка, со торта на глава, фризура што може како ладно оружје да послужи? Не е тоа тоа, да се облечеш во тешка пластика, со циркони, шљокици, фалти и триста други врагови само оти е матурска вечер. Од се што изнагледав, само 5-6 девочиња ме бендисаа, свежо, младалачки скоцкани, секси а не вулгарно, отмено но не свадбарски. Другото сето е за никаде.
И она фустанине кратки со долги додатоци, може ли да бидат погрозни? Како пердиња надодадени се, нит убаво изгледаат, нит може убаво да се движи човек во нив.
Ужас. Ама баш.