Драг Д,
Д ко во Дневник, ама не оној со Латас.
Немам(в) интернет и пишувам пост во ноутпад во пет сабајле. Дали сум нормална или трудна?
Периодов некако Д ко да ми е клучна буква. Ми фали Д, ама не ко во англискион збор на кој одма помислувате, или скрачено, што би рекле брача Амери "She wants the D.", туку Д како во „динамика“, а уствари добивам Д ко во „депресивен доцен период.“ Онака, си се замислувам ко некој криминолог чиј живот е ко на серија т.е. а не ти тргне или чини епизодата - сери ја и сними си нова. А мојава серија запек ја фатил, па е некако апла монотона. Си имам периоди кога сакам да си земам паломчиња и огромно меченце, па да си цмиздрам со саати дури не ме заболи главата или евентуално не заспијам, ама тогаш се сетам дека сум веќе стара за мечиња, солзички и мокри пубертетски бркови, па само тајно си шмрцнам и си барам sexual innuendos по интернетов.
А ПМС е безобразен, ме дрма трипати месечно и секогаш благо сака мајчиниот. Минувам крај кујна, кога господа еклери се натопориле ко за на смендер и безобразно ми свиркаат. Држ - не дај...попуштив...два пати. А Д ко во „Диета“ нека почека...
Сакам бре нешто ново, некои рандом работи од никаде да никнуваат ко печурчињана вo Супер Марио, макар и за најмали можни работи, само рандом нека се.
Се чудам како не ни е смачено од планирачка едноличност. Дури и мочањето иде у стил „Ќе полежам уште 5 минути, ќе пишам пост, па идам да мочкам за после пак да пишам пост за мочкањето, хуху.“
Дајте музика! И спонтаност! Креативноста изумира кај врвот на пирамидата...
Едит: Мислењево требаше во дневникот да иде, али нема везе, барем во Економија или Историја не заврши. Опроштавајте, ја сам се мало збунила из узбуџења што ми се врати нетот.
А сега ч, бидете добри, не одете оф топик и не крадете мислења, уште не сме политичари.