Сакам да кажам/Сакам да прашам

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
До сите двајца без тројца​


Покултурно ќе беше да испратиш една честитка за 8ми март до сите форумски жени што ќе навратат по некоја пука случајност на овој форум...јбг..на никој да не му текне, па дури ни на @Makedonec...

Ебати џентлмени..уааааа:gjavol
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Среќен 8ми март женски!!!! Уживајте во денов(flower)(flower)(flower)(flower)(flower)(flower)(flower)(flower)(flower)(flower)(flower)(flower)(flower)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Што да ви честитам во врска со 8ми Март? Кое постигнување? :(
Рамноправност на хартија?

Да го има женаат рамноправното стојалиште во светот заедно со мажот ќе нема многу зборување за 8ми Март како потсетувањ дека жената треба да биде рамноправна и како некогаш за оваа идеја во зародиш умирале жени... за да ете денес, барем имате алатки да бидете Жени! Далеку од сенката на мажот, како што ве учеа дома или по цртаните да чекате принц да ве спасува :)
Да, има жени на раководни попзиции, инженери, научници... но тоа е толку мал процент... и зошто?
Бидејќи мажот дома му е под чест да пресоблекува дете, да храни дете, да шета дете итн итн... од дома не сте рамноправни, затоа и во светот така...

Јас се обидувам жените да заборават на 8ми Март во оваа форма која денес ја празнуваат жените (од кои многу од нив не ни знаат што е што) и како некакво постигнување, бидејќи сеуште се борите со ова ослабнато патријалхално уредување во светот... и сеуште има жени кои немаат поима ништо за светот, исто како и мажи... тука се рамноправни најмногу луѓето! Се обидувам жената да сфати дека секој ден треба да им е ист како на мажите во нивните животи, со сите проблеми (не зборувам да кревате 50кг вреќи, бидејќи мажот можел) :)
Нормално, се борите со луѓе како мене на ваша страна, кои сепак сметаат дека жената е многу помоќна од мажот и треба жената да биде пријател, љубовник, потпора во животот на еден маж како што и мажот би требало тоа да биде на жената!

П.С.
Мислам дека сум многу повеќе џентлмен отколку мажите и дечковците кои ќе ве претепаат само ако излезете на кафе со пријатели и пријателки а не сте најавиле 7 дена претходно за да добиете одобрување бидејќи ќе мораат сами да го почуваат детето 3 часа или ќе градат фантазии како ги изневерувате ! ;)
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Макар и човек да го трча последниот круг по сто пати, одново и одново, кога нема никој никаде, кога сите испаднале во претходните кругови, како Џонатан во Ролербол...никогаш не треба да се моли и да се понижува.
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Никогаш не вели никогаш...старо добро познато мото
:)
Сакам да кажам дека има чудни луѓе кои не знаат да го погодат правиот момент, единствениот ден...и наместо да пратат една обична честитка исполнета со љубов, тие ќе мрсат муда за рамноправниост, за тепање итд..да не тупам и јас...
Прекрасно е чувството кога добиваш честитка за 8ми март од внучето, кога во неговите сјајни очиња трепери исчекувањето како ќе реагирам, дали ќе ми се допадне неговиот вложен труд
(hug)(inlove)
Волшебна радост кога ќе ти посакаат среќа баш на тој ден...оти не постои жена што не би била разочарана ако токму на тој ден биде заборавена
:*

Кој сфати...сфати(happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Teresa

Староседелец
15 јануари 2016
31
5
1,008
Скопје
Здраво луѓе :) Ме интересира дали некој знае колку од прилика коштаат казнените поени да се платат во вип ако сакам да раскинам договор за кабловска и интернет?
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Пенали се тоа,ќе ти пресметаат тамо и ќе ти кажат,за секој е различно :)