Размислувам меѓу економски и машински, но предлог за факултет во кој има добра дружба меѓу студентите, добар однос со професори и секако подоцна полесно вработување??
Македонче аман бре, ти одиш да учиш, на дружење ли одиш?
Ме разочаруваш брат се повеќе и повеќе...
Шала на страна, секаде има дружба и добри и лоши професори. Сега зависи и од генерација до генерација, али во главно верувам дека ти си дружељубиво дете па сигурно ќе запознаеш некој со кој ќе се скапирате уште одма и ќе си се дружите. Гледај шо те влече, а не дали ќе има вработување и дали се лоши професорите. Утре ти ќе треба да се занимаваш со тоа, ќе треба да посветуваш огромен дел од твоето време на работата, така да гледај тоа што најмногу го сакаш и ти претставува задоволство. Ако си учиш, нема лоши професори. А верувај, ако не планираш да учиш, подобро не се ни запишувај и не ги троши твоите. Како што јас и колегата знаеме да си кажиме: Кога бевме средношколци ни беше чудно кога некој ќе речеше Имам шестка. Аман бе, зар толку не учиш па шестка, ко двојче да си добил ... ееее после дури сфаќаш.