Gledam mnogu negativni komentari vo vrska so temata so devojkata. So ogled na toa sto abortusot neli go zabranija ( osven vo odredeni slucaevi), vakvi slucaevi ke ima se poveke. Ne saka sekoja majka da e na 22- 23 godini. Mozebi i bila odbiena koga sakala da abortira. Mozebi zatrudnila od nekoj psihopat. Dalo i prikaznata e vistina e najgolemoto prasanje, zaradi toa sto ne se opisani drugi raboti vo tekot na poroduvajeto. Mozebi imala postpprodilen sok, ne mozeme da znaeme, ama ne e taa kriva. Abortus si e sopstven izbor koj treba da e legaliziran, za da ne se upropastuvaat zivoti !
- ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје. Како тешки лични семејни материјални и други прилики од ставот 1 алинеја 4 на овој член се сметаат особено: потешко нарушените брачни и семејни односи, постоење на асоцијални појави во семејството, тешки станбени услови, материјална необезбеденост, нарушување на здравјето на членови на семејството и бројот на децата во семејството.
Еве го законот, изваден од службен весник. Јас лично познавам особа која абортираше пред некое време, значи има начин. Не е тоа темата на муабетот, си има посебна тема за абортус.
Болдираниов дел, каде што тврдиш дека не е таа крива. Како можеш за особа која што го направила ова да речеш дека не е крива? Што треба да направи еден човек според тебе за да биде обвинет за чедоморство?
Имаш човек кој детето си го фрлил во канта за ѓубре и најладнокрвно си продолжил со журка, што повеќе од ова треба да се каже? И не знам по која литература си читала за постпородилни знаци на депресија и шок, убивање на дете јас барем не сум прочитала. Точно е дека се случува една одисеја на хормони и на други медијатори во телото, ама убиствени нагони кај здрав човек не се јавуваат. Ако најдеш негде вакви информации, те молам сподели ги.
Јас можам да замислам непланирана бременост, некоја девојка да не го сака детето, да сака да го даде некаде и слично, меѓутоа да го фрлиш во канта за отпадоци и да си продолжиш со животот како ништо да не било, тоа мене ми е длабоко во множеството на пореметувања. Секоја друга опција која и била на располагање е подобра од тоа што таа го направила.
А и не знам зошто се навраќам на темава, уште ми се гади.