Сакам да кажам/Сакам да прашам

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сосема е разбирливо тоа што на форумов сите на некој начин си лечиме комплекси, сите сме тука најпаметни, најсилни и разбирливо е кога ке се вжешти дискусија да паднат неколку навреди, но сето тоа да е на некое ниво и да има граница, но сосема е неразбирливо што некои личности едвај чекаат да имаат повод за кавга, како цело време да чекаат во заседа нечија исповест за да се силат со навреди...
Ако веке сите ние по цел ден дремеме тука, зошто да не развиваме убави и позитивни дискусии? Дај да научиме нешто едни од други, да си дадеме некој совет, да ни помине времето убаво и интересно. Се сложувам дека во последно време имаше многу непотребни мислења кои нервираа, мене лично ми пречеше тоа што во секоја тема читав за футџоб, тој термин беше актуелен од личен дневник, па до како да упропастиш жена и сл.
но, она што чувствувам дека морам да го кажам е - сите вие кои во последниов период се жалевте дека нема квалитетни дискусии -направете ги, започнете тема, активирајте нова и на сите ке ни биде поинтересно, оние кои што сакаат да си се зезаат, нека си се зезаат, зошто би ви пречело тоа, имате опција за игнорирање која не е случајно поставена како опција.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy

За се` си во право освен за послениот дел од постот.
Игнорирањето не е решение. Посебно не за членови од администрацијата. Тие имаат обврска пред се`, да прават ако ништо друго кратка обсервација на дискусиите кои се водат во подфорумите за кои се надлежни. Се` со цел само да не отиде работата вон контекст. А одењето оф топик колку и да изгледа на почетокот безазлено (користам србизми јбг :zelen) всушност има на долги стази голем потенцијал на рушење на форумот како место за дискусија. Само замисли 5 члена да почнат со офтопик спам по сите теми, а притоа надлежните да не реагираат, туку едноставно - да остане онака како што е. Утре ќе се зачленат 10 нови кои истото ќе го прават. И на крај добиваш хаос или малку шовинистички би се изразил „кокошки на буниште“. Така да, таа опција игнорирање некако не оди во контекст.
Јас не знам за постарите членови, но порано беше премногу строго па и некако успевавме да изреализираме дискусија. Сега е далеку поопуштено, но мислам дека многу повеќе се крева џевад околу „строгоста“ на администрацијата, а сепак казнени многу поретко се доделуваат, освен во крајно екстремни случаеви. Не знам што би требало да е следно....
Истотака не можам да сфатам дека одредени членови тука се наоѓаат увреЏени од други затоа што овие ги нарекле така и така. Особено не дај боже да е член од администрацијата. Не значи ако е, дека нема право да му возврати на член кој исто така употребува навреди и му се прогледува низ прсти. Ако знаеш дека вреѓаш и за тоа не си казнет, биди спремен да имаш ист третман каков што добиваш (зборам општо, не важи за тебе мало).
Од мене толку сега за сега, ако планира некој да го сведе ова на дискусија со кратки постови, нека цитира во темата за Чет Муабети.
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Морам да дадам еден заклучок а тоа е дека луѓето генерално, значи не одвојувам некоја генерација, туку сите, постарата генерација и помладата, стануваат се погруби и погруби, нетолерантни, нељубезни...ете на пр. јас си правам споредба со времето од пред 15 тина години.
Како човечката цивилизација напредува, наместо да бидеме поплеменити и цивилизирани, ние стануваме се полоши,погруби во односите.Има многу фактори за оваа нажалост лоша човечка особина но финансиите се на прво место мислам.
rambo.jpg
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Многу ме нервира, сакала или нејќела, ама боде очи и мора да прочиташ кој се најактивни членови на месецот....некако ми наликува на најактивни членови во јадење "бурек"(facepalm)
како на злогласна табла обесени:D
Мора ли да стои таа информација, со оглед на тоа дека активноста на тие членови за тој месец со нивните мислења и не е баш за фалење:p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Бродот потонува...спасувајте се
Многу ме нервира, сакала или нејќела, ама боде очи и мора да прочиташ кој се најактивни членови на месецот....некако ми наликува на најактивни членови во јадење "бурек"(facepalm)
како на злогласна табла обесени:D
Мора ли да стои таа информација, со оглед на тоа дека активноста на тие членови за тој месец со нивните мислења и не е баш за фалење:p
@misterija кој е на прво место секогаш баш ме занима?
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Сакам да прашам дали знае некој да работи во Ауто Кад да нацрта нешто, секако не бесплатно? :)