Еве по трет пат те прашувам, како тој муфтијата ќе земе видео од воздушен напад и ќе го мотивира идиотот да убие 200 арапски деца? Која прозападна корпорација ќе ја искористи како мотив и како? Или на кој начин соборувањето на Гадафи ќе биде инспирација муфтијата да го убеди идиотот да направи илјадници жени језиди сексуални робинки? Или како акциите на вол стрит ќе бидат мотив да се убијат христијаните во сирија......?
Добро бе
Прашањето ти е тотално безмислено, дали разбираш, бесмислена конструкција.
Ајде сега чекор по чекор, be with me.
Јас не напишав дека некој муфтија ќе земе видео за да мотивира масакр над арапски деца. Не знам како успеа тоа да го поврзеш со она што го напишав, кои се тие мистериозни синапси во мозокот кои затаиле.
Муфтијата во Париз ќе регрутира локален идиот за изврши напади во Париз. Нападите на француските вооружени сили по исламскиот свет, посебно масакрите на цивили како нели, `колатерала` и тоа како ќе послужат за една таква цел.
Нападите по левантот се друга динамика, таму имаш армија на исламски манијаци кои ги убиваат оние кои ги сметаат за непријатели, арапи кои не се сунити, курди, рисјани и остали. Таа армија не се појави од никаде, не се материјализира сама од себе, постојат причини кои довеле до тоа а чија трага оди кон 2003 и инвазијата на Ирак кога се отвори пандорината кутија. Имаш милиони гневни исламисти кои со години си закопувале родбина, живееле без основни средства за живот и служат како плодно тло за регрутација на аскер.
Ова што го пишувам не е одобрување, не е подршка, не е заземање страна, само обид да се разбере ситуацијата со инфото кое се има на располагање.
Да, исламскиот фундаментализам е тешко срање и death cult, средновековен атавизам кој залутал во денешно време ама запрашај се дали ќе постоеше ИД ако не беше инвазијата на Ирак. И колку ќе постои ако се скрати логистиката. Или скраја да е, ако се подржат курдите (и самите претежно муслимани) кои со години се борат против ИД, наместо да се угнетуваат и бомбардираат од страна на нато членката - турција...
Властите и корпорациите на финиот и секуларен запад и тоа како се соучесници во срањето.