Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Еве по трет пат те прашувам, како тој муфтијата ќе земе видео од воздушен напад и ќе го мотивира идиотот да убие 200 арапски деца? Која прозападна корпорација ќе ја искористи како мотив и како? Или на кој начин соборувањето на Гадафи ќе биде инспирација муфтијата да го убеди идиотот да направи илјадници жени језиди сексуални робинки? Или како акциите на вол стрит ќе бидат мотив да се убијат христијаните во сирија......?

Добро бе (facepalm)
Прашањето ти е тотално безмислено, дали разбираш, бесмислена конструкција.
Ајде сега чекор по чекор, be with me.
Јас не напишав дека некој муфтија ќе земе видео за да мотивира масакр над арапски деца. Не знам како успеа тоа да го поврзеш со она што го напишав, кои се тие мистериозни синапси во мозокот кои затаиле.
Муфтијата во Париз ќе регрутира локален идиот за изврши напади во Париз. Нападите на француските вооружени сили по исламскиот свет, посебно масакрите на цивили како нели, `колатерала` и тоа како ќе послужат за една таква цел.

Нападите по левантот се друга динамика, таму имаш армија на исламски манијаци кои ги убиваат оние кои ги сметаат за непријатели, арапи кои не се сунити, курди, рисјани и остали. Таа армија не се појави од никаде, не се материјализира сама од себе, постојат причини кои довеле до тоа а чија трага оди кон 2003 и инвазијата на Ирак кога се отвори пандорината кутија. Имаш милиони гневни исламисти кои со години си закопувале родбина, живееле без основни средства за живот и служат како плодно тло за регрутација на аскер.
Ова што го пишувам не е одобрување, не е подршка, не е заземање страна, само обид да се разбере ситуацијата со инфото кое се има на располагање.
Да, исламскиот фундаментализам е тешко срање и death cult, средновековен атавизам кој залутал во денешно време ама запрашај се дали ќе постоеше ИД ако не беше инвазијата на Ирак. И колку ќе постои ако се скрати логистиката. Или скраја да е, ако се подржат курдите (и самите претежно муслимани) кои со години се борат против ИД, наместо да се угнетуваат и бомбардираат од страна на нато членката - турција...
Властите и корпорациите на финиот и секуларен запад и тоа како се соучесници во срањето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Selene

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Да, исламскиот фундаментализам е тешко срање и death cult, средновековен атавизам кој залутал во денешно време ама запрашај се дали ќе постоеше ИД ако не беше инвазијата на Ирак. И колку ќе постои ако се скрати логистиката. Или скраја да е, ако се подржат курдите (и самите претежно муслимани) кои со години се борат против ИД, наместо да се угнетуваат и бомбардираат од страна на нато членката - турција...
Властите и корпорациите на финиот и секуларен запад и тоа како се соучесници во срањето.
Веќе реков дека не ги одобрувам акциите на западните земји и тоа не беше поентата поради која те цитирав, поентата беше дека е невкусно да се ставаат на исто рамниште овие ретарди со колатерални штети или лоши политички потези, толку. Се останато е веќе кажано.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Веќе реков дека не ги одобрувам акциите на западните земји и тоа не беше поентата поради која те цитирав, поентата беше дека е невкусно да се ставаат на исто рамниште овие ретарди со колатерални штети или лоши политички потези, толку. Се останато е веќе кажано.

Тоа е логичен след на околности, колатералните штети служат за регрутирање на идиоти и тој круг продолжува. А дали се лоши потези, зависи за кого, за рандом политичар воопшто не се лоши. Или за негово другарче од корпорација кое донира средства за избори.
За случаен минувач кој загинал во Париз...е сосема друга прича.

Настрана сето тоа, повторно на сцена се појавува масовната, колективна идентификација и сее зло. Арапски бот во париско гето се идентификува со масовната идентификација позната како суни ислам. Или со `етничката`. Или со двете. И се осеќа должен да се освети за смртта на `неговите`, некаде таму, т.е. раја која ниту ја знае ниту ја видел некогаш.
Изгледа дека раја никогаш нема да научи...
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ајде вака, замислете дека има куче кое што го клоцаш со нога, па потоа кога ќе се разбесне и ќе почне да те брка и каса, плачеш зошто те каса.
Им влегоја во Сирија, направија хаос од невидени размери, ги истераа луѓето од своите домови, ги направија бегалци, изиграваа полицајци, си тераа политики за да лапнат што повеќе пари и моќ и оставија огромна маса на лути луѓе. Perfect ingredient for making a terrorist. На таква критича маса, многу е лесно ИСИС, или било кој друг да влијае. Нормално е дека ќе сакаат одмазда.
Не дека ги бранам мигрантиве, ама што очекуваше Европа? Дека сите ќе ги наведнат главите и ќе ќутат? Кај им беше паметот кога ги прибираа без пасоши, документации? Не ли претпоставуваа дека некој ќе сака одмазда и дека меѓу мирните бегалци има и терористи? Кај им беше паметот, не можам да се доначудам.
Единствено ми е жал за луѓето што си заминаа, луѓе што не ги интересира политика, случајни жртви. АМА! Не ми е жал само за Французите, жал ми е за луѓето починати од Либан што погинаа вчера и никој, буквално никој не ги спомна. Ниту една голема телевизија, како статистика мртвите ги кажуваат, а за Франција се дигна цел свет. И вие што се молите, зошто селективно се молите? Или што, животот на еден Французин е побитен од животот на некој од Либан? Ги изнастегаа знамињата од Франција, пола поим немаат од ситуацијата, битно хумани се.(facepalm)
И џабе молење, со молитви ништо не се постигнува. Треба "демократија" да престане да се сее. Кога тоа ќе го снема, нема да има ни терористички напади.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Плот твист, ова е уствари масло на бендот Eagles of Death Metal за да си ја зголемат популарноста и да продадат уште некој албум плус.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Македонска работа : Сине жени се време ти е ! Што чекаш ?
Тато решив да се женам!
Леле сине да не е трудна ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не знам што е попатетично...
Оние „ѕвезди“ на социјални мрежи што нон стоп спамаат и се чукаат у груди дека се човечни и се „молат“ за Париз, а одзади оправдуваат отворен геноцид по клиникиве во МК, или па оние „патриоти“ кои им текнало да ја бранат „домовината“ од оние кои барем си дават поддршка за одреденава ситуација.
Се гледа колку сме расеани со нашите лични ставови, и колку треба допрва да учиме.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Почнат е, уште пред 111 години.
Слободата си има цена како и се останато. Предизвик на цивилизацијата е да се бори и да ги искорени овие штеточини на човештвото, либералноста и мултикуртурноста не се пречка во тој процес, туку цел која овие гниди ја имаат планирано за отстрел.
Ако си станат дел од новиот еон, зошто уште си емоционално поврзан со стариот еон?
Како сметаш да се искоренат штеточините,како што направи оној масонот?
Нема логика да го промовираш новиот еон, а стариот да ти создава гнев.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ако си станат дел од новиот еон, зошто уште си емоционално поврзан со стариот еон?
Како сметаш да се искоренат штеточините,како што направи оној масонот?
Нема логика да го промовираш новиот еон, а стариот да ти создава гнев.
Има начини и начини, методот што го користат тие не е единствениот.