Ита душо...види вака...имам фала му на бога видено повеќе убави работи отколку неубави работи.Секојдневно луѓето ги користат тие здравствени услуги и 90 %се излечени а другите 10% се со друга судбина и на жалост со лекарска грешка.
Така има доста добри доктори кои им помагаат на луѓето но не би се согласила за процентите пак пример ќе кажам имаше еден возрасен човек со гангрена на ногата но предходно бидејќи живеел во Германија добил некои компликации на ногата и таму се лекувал тогаш можеби и не ни немал гангрена туку некоја почетна фаза инфекција, бактерија итн. Се враќа во Македонија со жена му најверојатно поради носталгија и ситуацијата со ногата почнува да се комплицира т.е ја добива гангрената иде во Градска болница затоа што предходно бил во државна и тие од таму го пратиле во Градска, доаѓа на ред влегува внатре и докторот му вика (јас не знам стварно како имал срце да му го каже тоа) "Оди кај првиот доктор што те лекувал (значи во Германија затоа што во државна воопшто и не го примиле) да те лекува тој, не си мој пациент не можам да те примам". А човекот со гангрена, буквално броени му се деновите што ќе ги живее. Жена му бидејќи беше влезена со него кога излезе плачеше не знаеше што да прави и кај да се обрати, а да се враќаат во Германија немаше да издржи он.
Според тебе ова во ред ли е и дали се квалитетно искористени здравствените услуги? А 99% сум сигурна дека не е единствен
Инаку тој доктор е стварно добар и има знаење но тој систем што им го имаат ставено и условот да не си ги превземаат пациентите затоа што нели на процент работат за доста луѓе сето тоа завршува фатално.
Јас стварно немам ништо против докторите посебно не тие кои имаат искуство товарено со години имам само против младиве што завршуваат или со купена диплома или со врски, а цела или скоро цела државна е полна со такви.
Сигурно се сеќавате на случајот кога едно момче почина бидејќи докторката од Брзата Помош му лупнала инекција право во срцето, а после излезе дека она уствари станала докторка со купена диплома.
Не сме свесни уште колку вакви случаи имаме што се далеку од јавноста иако овој погоре не беше, се погодиле поупорни родители или роднини но тие што не се бунат немаат сила просто?