Мислам вреди да се прочита!
Никој освен тебе
Никој не може да те спаси освен самиот ти.
Одново и одново ќе се наоѓаш
во скоро невозможни ситуации.
Тие ќе се обидат одново и одново под изговори,
под маски и сила
да те натераат да подлегнеш,
да се откажеш,
или тивко да изумреш од внатре.
Никој не може да те спаси освен самиот ти,
и ќе ти биде доволно лесно да не успееш толку лесно
но немој, немој, немој.
Само набљудувај ги.
Слушај ги.
Зарем сакаш да бидеш тоа?
Безлично, бездушно, нечувствително суштество?
Зарем сакаш да ја доживееш смртта пред смртта?
Никој не може да те спаси освен самиот ти,
ти си суштество вредно за спас.
Тоа е војна која не е лесно да се добие
но, ако нешто е вредно за победа
тогаш ова е тоа.
Размисли за тоа. Размисли за спасување на себе.
Твоето духовно себе. Твоето храбро себе.
Твоето распеано магично себе и твоето прекрасно себе.
Спаси го. Не им се придржувај на мртвите во душата.
Одржувај се себе со хумор и рамнотежа,
и на крај ако е неопходно
вложи се себеси целосно во таа борба,
без разлика на изгледите,
без разлика на цената.
Само ти можеш да се спасиш себеси.
Направи го тоа! Направи го!
И токму тогаш ќе знаеш точно за што говорам.