Сакам да кажам дека градов ни тоне во сивило.
Почнувајќи од улиците, тротоарите, па се до фасадите на зградите, кои биваат покриени топли бои. Пустите тргнале во обид да ни ја искриволочат перцепцијата, и убедат дека живееме во колоритна метропола, иако сите знаеме колку е тоа далеку од вистината...
Освен тоа, само ние постарите генерации сведочиме за зелениот опус. Тревата, лисјата, бликите, како и зеленилото кое го красеше плоштадот, наспроти денешните споменици кои го грубат портретот насликан од мајката природа. А и вака искрено ми здодеа зимава. Потребен е само мал топол виор, колку да ги евоцира спомените на некогашното разџагорено весело Скопје.