Јас ја разбирам бибушка до еден степен пошо сум од постарите генерации каде на времето имаше гимназии кои ја ужуваа т.н. популарност помеѓу луѓето како тешки гимназии. И факт е дека беа потешки од да речеме некои други, каде професорот го болеше практично уво дали ученикот ќе научи нешто. Кај што јас учев, гимназијата беше релативно од лесен карактер, бидејќи повеќето од професорите не се замараа многу многу околу предадената материја, па и со оценувањето. Имавме и такви да ги наречам супер херои од професори кои не им беше важна оцената но важно им беше наученото. Значи тие се трудеа од тебе да изградат карактер, да ја засакаш материјата што тие ја предаваат. Имаше и такви дебили кои предаваа за Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски а на контролниот/писмената бараа за опис на фустанот што го носела Татјана во моментот кога Левски и Онегин прават дуел во истоимената поема Евгениј Онегин.
Малце отидов вон темата, но главната поента е - факт е дека има(ше) потешки гимназии, каде од учениците се бара многу повеќе. Барањето е многу комплексна тема за дискусија, па ќе упростам - донекаде тоа може да го поттикне ученикот да еволуира кон подобра личност, ако најчесто и самиот професор има и што да понуди. Значи оцените не се некое мерило, повеќе е тој взаемен однос помеѓу ученик - учител. Во појаките гимназии посекако дека учителите бараат многу. Но прашање е колку нудат од своето знаење за да го научат ученикот.