СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин"

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас од кога бев на факултет помина доста време меѓутоа тогаш (пред 10-15 години) неможеше секој да се запише на факултет а не можеше и секој да го заврши.Муабетот ми беше дека најмалку 90% од Корчагинци запишуваа факултет и скоро сите го завршуваа во рекорден рок.Не знам кај сум се нашла и јас да коментирам за денешницава со извитоперени стандарди каде скоро сите завршени средношколци се запишуваат на факултет и скоро сите го завршуваат???????????????????????
Па кај е градацијата помеѓу луѓево еј па не се сите надпросечно интелегентни-некои имаат памет некои пари и тоа е тоа.

А корчагинци се сите натпросечно интелигентни?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас од кога бев на факултет помина доста време меѓутоа тогаш (пред 10-15 години) неможеше секој да се запише на факултет а не можеше и секој да го заврши.Муабетот ми беше дека најмалку 90% од Корчагинци запишуваа факултет и скоро сите го завршуваа во рекорден рок.Не знам кај сум се нашла и јас да коментирам за денешницава со извитоперени стандарди каде скоро сите завршени средношколци се запишуваат на факултет и скоро сите го завршуваат???????????????????????
Па кај е градацијата помеѓу луѓево еј па не се сите надпросечно интелегентни-некои имаат памет некои пари и тоа е тоа.
:) Ставај спејс помеѓу точка и нова реченица, запирка и нов збор. Ти се молам, за да ја докажеш својата интелигенција и тезата која ја браниш(Дека во Корчагин ве учат како да пишувате)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and $3Я3|\||)&p&†Y

bibuska

Истакнат Член
10 октомври 2013
7
3
103
45
:) Ставај спејс помеѓу точка и нова реченица, запирка и нов збор. Ти се молам, за да ја докажеш својата интелигенција и тезата која ја браниш(Дека во Корчагин ве учат како да пишувате)
Спејс се става и помеѓу збор и заграда. И да, пред тебе и пред било кој друг НЕ МОРА а и не сакам да ја докажувам својата интелигенција.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,026
9,656
1,683
Normandy
Јас ја разбирам бибушка до еден степен пошо сум од постарите генерации каде на времето имаше гимназии кои ја ужуваа т.н. популарност помеѓу луѓето како тешки гимназии. И факт е дека беа потешки од да речеме некои други, каде професорот го болеше практично уво дали ученикот ќе научи нешто. Кај што јас учев, гимназијата беше релативно од лесен карактер, бидејќи повеќето од професорите не се замараа многу многу околу предадената материја, па и со оценувањето. Имавме и такви да ги наречам супер херои од професори кои не им беше важна оцената но важно им беше наученото. Значи тие се трудеа од тебе да изградат карактер, да ја засакаш материјата што тие ја предаваат. Имаше и такви дебили кои предаваа за Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски а на контролниот/писмената бараа за опис на фустанот што го носела Татјана во моментот кога Левски и Онегин прават дуел во истоимената поема Евгениј Онегин.
Малце отидов вон темата, но главната поента е - факт е дека има(ше) потешки гимназии, каде од учениците се бара многу повеќе. Барањето е многу комплексна тема за дискусија, па ќе упростам - донекаде тоа може да го поттикне ученикот да еволуира кон подобра личност, ако најчесто и самиот професор има и што да понуди. Значи оцените не се некое мерило, повеќе е тој взаемен однос помеѓу ученик - учител. Во појаките гимназии посекако дека учителите бараат многу. Но прашање е колку нудат од своето знаење за да го научат ученикот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bibuska, alba and Luckky

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Јас додека учев средно во петоците одевме во Мори,кај што одат повеќето Корчагинци.Патем,сакав да видам што се се пишува за мојата гимназија.По сите форуми, а и овде гледам дека на денешниве ученици важно им е кај кој професор ќе добијат 5 без учење,кај кого најлесно се препишува!Секоја чест на исклучоците!
Класна ми беше Глобочка-физика.Жената срце си е.Сега можеби е во пензија.Наместо да зборувате колку е строга,сте можеле барем малку да внимавате на час!
Германски ми предаваше Наташа.Фина е жената и да не беше таа немаше ни Г од германски да знам.И немаше да се запишам на филолошки на тој отсек во комбинација со останатите јазици од германската група.
Математика ми предаваше Фросина.Наместо да кажувате дека е строга,сте можеле барем малку да внимавате на час и да прашувате што не ви е јасно!
Англиски ми предаваше Пацка.Ни А од англиски немаше да знам да не беше таа.Благодарение на неа течно го зборувам јазикот,дури и во комисија за регионален натпревар во Данска по тој јазик ќе бидам таму.
Македонски ми предаваше Блажевска.Ако не друго барем ќе знаевте дена секад,некад,никад итн не постојат во македонскиот јазик.
Што ако професорите отворат форум и пишуваат за вас вака:
-Ти текнува ли на оној/онаа кој повеќе беше надвор отколку на часови?
-Ти текнува ли на тој/таа што не знаеше да состави правилна реченица?
-Ти текнува ли на оној кој во ранецот имаше повеќе цигари и треви наместо книги?
-Ти текнува ли на таа што и во лето и во зима во ранецот носеше повеќе шминки отколку книги?
Бидете горди што уште постојат такви професори што го одржуваат највисокиот рејтинг,односно првото место на гимназијата!Сте се собрале тука кој од кој послабу ученици да озборувате некои кои сакаат да ве научат.
 
Последна промена:

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.

А кај виде некој ,,послаб" да нападне било кој тука?
Пацка нели предаваше биологија? И нормално корчагинци одевме во Барбика, Мори беше мисловна придавка :)
 
Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
А кај виде некој ,,послаб" да нападне било кој тука?
Пацка нели предаваше биологија? И нормално корчагинци одевме во Барбика, Мори беше мисловна придавка :)

Па веќе заборавено имам,зашто 7 години поминаа откако учев тука.Пацка ми беше една од најомилените професорки,зашто тоа што покрај тоа што се учи многу кај неа од предметот,толку и за животот.Па можеш да ги видиш останатите мислења колку се неповрзани,па и по други форуми шетав и затоа така кажав.И плус предрасуди имаат за тоа дека е тешко.Ама ајде морам да одам авионот ќе ми избега.
 
Последна промена: