Знаете... има литература за луѓе кои трагаат по уметнички стил, високи зборови, добро склопени сцени. Има литература за луѓе кои се нервираат кога некој детаљ нема да биде добро вклопен и ќе си ја уништат сликата за квалитетот на целокупното писание.
Е наспроти оваа литература доаѓа онаа пишувана за луѓе кои читаат не за да уживаат, туку за да прочитаат нешто. Не ни го забележуваат стилот, камо ли да се продлабочат во начинот на кој е вклопена целокупната приказна, деталите и слично.
Овие првите, секогаш ја поминале фазата на овие вторите. Сакам да кажам, сите на почетокот сме барале нешто за да прочитаме а колку е квалитетно мање више, дури и не сме можеле да ја забележиме неговата квалитетност од проста причина што не сме ни прочитале нешто многу квалитетни книги
Е според мене, МирЈам, е писател за овие вторите. Не ми се допаѓа стилот. Приказните уште помалку. Доаѓа дел од книгите каде што си викам „Дефинитивно немала појма како да продолжи па си додала некоја нова приказна“. Едноставно некои работи кои не се очекуваат, не се наговестуваат и не се потребни за раскажување МирЈам ќе ти ги каже. Има писатели кои прават некои работи кои што не си ги очекувал ама и тоа како ставил белег на секоја претходна страна која те водела кон нештото.
Ете, ќе го искористам писателот од темата Писател на тапет. Зафон е еден писател што милува да те извади од ум со нешто неочекувано ама наговестено. Оваа туку ќе си лупне нешто демек „Ја кажав“...
Не знам. Им подариле пенкало за роденден и писатели станале.
Ќе одам оф топик до болка.
Спаркс да го споредиме со оваа... ми се чини не заслужува.
Не пишува човекот некоја длабока литература. Неговите романи се клише на некој начин, ама како добро ги вклопува приказните... МирЈам може да му позавиди само...