Романите на МирЈам

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Милица Јаковљевић (1887-1952) е една српска писателка која по својата смрт доживеајала голем успех со нејзините романи
  • Рањени Орао
  • То је било једне ноћи на Јадрану
  • Непобедиво срце
  • Отмица мушкарца
  • Грех њене мајке
  • У словеначким горама
  • Самац у браку
  • Мала супруга
  • Изданци Шумадије
Рањени Орао,Непобедиво Срце,Грех њене мајке 2009-2010 се снимани и како филм.

Мене лично многу ми се допаднаа сите а најмногу Самац у браку.
Доколку некој ги прочитал или сака ете нека праша или сподели мислење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Имам прочитано еден нејзин роман. И искрено не сум воодушевена ни од стилот, ни од разработката на приказната, може единствено да се каже дека има по некоја порака секое нејзино пишување... ама тоа мене не ми е доволно за да ја читам.
Глобален заклучок не ми се допаѓа и не би ја читала пак : )
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ранетиот орел ми беше интересна за тепање време, кога немаше што да правам.
Како шпанска сапуница.
После демек серијата ај да ја погледнам, чисто да видам како се претставени ликовите спрема јас што си ги замислував, ама тотална утка. Аматерска глума и чисти глупости.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Турбофолк литература. Чист шунд, една почнав демек по препорака коа на времето коа читав и Спаркс и Стил и Робертс. Не додржав а да не ја испуштам од раце.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
по закон книги здравје!
колку и да изгледаат огромни,
се читаат многу брзо и цело време си жеден да прочиташ и понатаму
да видиш што ќе се случи.
едноставно многу брзо се читаат:sreken
и уште долго долго остануваат во сеќавање, барем за мене да, пошто обожавам таква литература.
"Ранетиот Орел" посебно ја држам во сеќавање, незнам дали тоа има врска што ја читав на српски јазик или пак многу сум се внела во книгата :D
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Знаете... има литература за луѓе кои трагаат по уметнички стил, високи зборови, добро склопени сцени. Има литература за луѓе кои се нервираат кога некој детаљ нема да биде добро вклопен и ќе си ја уништат сликата за квалитетот на целокупното писание.
Е наспроти оваа литература доаѓа онаа пишувана за луѓе кои читаат не за да уживаат, туку за да прочитаат нешто. Не ни го забележуваат стилот, камо ли да се продлабочат во начинот на кој е вклопена целокупната приказна, деталите и слично.
Овие првите, секогаш ја поминале фазата на овие вторите. Сакам да кажам, сите на почетокот сме барале нешто за да прочитаме а колку е квалитетно мање више, дури и не сме можеле да ја забележиме неговата квалитетност од проста причина што не сме ни прочитале нешто многу квалитетни книги :)
Е според мене, МирЈам, е писател за овие вторите. Не ми се допаѓа стилот. Приказните уште помалку. Доаѓа дел од книгите каде што си викам „Дефинитивно немала појма како да продолжи па си додала некоја нова приказна“. Едноставно некои работи кои не се очекуваат, не се наговестуваат и не се потребни за раскажување МирЈам ќе ти ги каже. Има писатели кои прават некои работи кои што не си ги очекувал ама и тоа како ставил белег на секоја претходна страна која те водела кон нештото.
Ете, ќе го искористам писателот од темата Писател на тапет. Зафон е еден писател што милува да те извади од ум со нешто неочекувано ама наговестено. Оваа туку ќе си лупне нешто демек „Ја кажав“...
Не знам. Им подариле пенкало за роденден и писатели станале.
Турбофолк литература. Чист шунд, една почнав демек по препорака коа на времето коа читав и Спаркс и Стил и Робертс. Не додржав а да не ја испуштам од раце.
Ќе одам оф топик до болка.
Спаркс да го споредиме со оваа... ми се чини не заслужува.
Не пишува човекот некоја длабока литература. Неговите романи се клише на некој начин, ама како добро ги вклопува приказните... МирЈам може да му позавиди само...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Farfalla