Романите на МирЈам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Знаете... има литература за луѓе кои трагаат по уметнички стил, високи зборови, добро склопени сцени. Има литература за луѓе кои се нервираат кога некој детаљ нема да биде добро вклопен и ќе си ја уништат сликата за квалитетот на целокупното писание.
Е наспроти оваа литература доаѓа онаа пишувана за луѓе кои читаат не за да уживаат, туку за да прочитаат нешто. Не ни го забележуваат стилот, камо ли да се продлабочат во начинот на кој е вклопена целокупната приказна, деталите и слично.
Овие првите, секогаш ја поминале фазата на овие вторите. Сакам да кажам, сите на почетокот сме барале нешто за да прочитаме а колку е квалитетно мање више, дури и не сме можеле да ја забележиме неговата квалитетност од проста причина што не сме ни прочитале нешто многу квалитетни книги :)
Е според мене, МирЈам, е писател за овие вторите. Не ми се допаѓа стилот. Приказните уште помалку. Доаѓа дел од книгите каде што си викам „Дефинитивно немала појма како да продолжи па си додала некоја нова приказна“. Едноставно некои работи кои не се очекуваат, не се наговестуваат и не се потребни за раскажување МирЈам ќе ти ги каже. Има писатели кои прават некои работи кои што не си ги очекувал ама и тоа како ставил белег на секоја претходна страна која те водела кон нештото.
Ете, ќе го искористам писателот од темата Писател на тапет. Зафон е еден писател што милува да те извади од ум со нешто неочекувано ама наговестено. Оваа туку ќе си лупне нешто демек „Ја кажав“...
Не знам. Им подариле пенкало за роденден и писатели станале.

Ќе одам оф топик до болка.
Спаркс да го споредиме со оваа... ми се чини не заслужува.
Не пишува човекот некоја длабока литература. Неговите романи се клише на некој начин, ама како добро ги вклопува приказните... МирЈам може да му позавиди само...
Тоа и ми беше поентата. Спаркс да речеме сеа да го гледам е ништо повеќе од филмски сценарист. Мир-Јам книгите ми се убитачно евтини како оние што излегуваа љубичи во женско списание.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Некогаш е во ред да прочиташ по некоја лимонатка. Ама понекогаш.
Направив грев и еднаш од досада почнав да ја читам Кинсела. Дваесет страни и не можев веќе да издржам. Како да се наоѓав во некој ефтин филм, каде нели, се се врти околу облеката.
Од МирЈам имам прочитано една книга, односно третина книга. Да не се повторувам, доживувањето ми беше како погоре спомнатото.
Муабетот ми е, арно е некогаш да прочиташ, затоа што не ти треба концентрација за нив, ама да се воодушевуваш...? Греота е.
Лично, дури и на плажа јас го сакам Достоевски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Saladin

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
по закон книги здравје!
колку и да изгледаат огромни,
се читаат многу брзо и цело време си жеден да прочиташ и понатаму
да видиш што ќе се случи.
едноставно многу брзо се читаат:sreken
и уште долго долго остануваат во сеќавање, барем за мене да, пошто обожавам таква литература.
"Ранетиот Орел" посебно ја држам во сеќавање, незнам дали тоа има врска што ја читав на српски јазик или пак многу сум се внела во книгата :D

Ете некој кој ме разбира :) Овие книги се за чувствителни луѓе, кои знаат да се соживеат со нив. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ете некој кој ме разбира :) Овие книги се за чувствителни луѓе, кои знаат да се соживеат со нив. :)
Дали нас не нарече нечуствителни?
Ако само ти кажам дека на „Порака во шише“ од Николас Спаркс. Патем клише драма, бев пред плачење, тоа ме прави нечувствителен?
Хм.... На Мадам Тисо имам плачено кога чекаше Марија дали ќе го прочитаат нејзиното име...
Ако не ни се допаѓа нејзиниот стил - тоа не не прави нечувствителни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Aleksis

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Дали нас не нарече нечуствителни?
Ако само ти кажам дека на „Порака во шише“ од Николас Спаркс. Патем клише драма, бев пред плачење, тоа ме прави нечувствителен?
Хм.... На Мадам Тисо имам плачено кога чекаше Марија дали ќе го прочитаат нејзиното име...
Ако не ни се допаѓа нејзиниот стил - тоа не не прави нечувствителни.

Не. Само сакав да кажам дека такви судбини што доживуваат главните ликови во романите и нивните постапки или ги прифаќаш и се соживуваш или не. И да се разбереме оваа литература не е единствена што ја читам. Читам и трилери, документарни книги, но ете и овакви романи.
И да се пофалам, имав можност Грех њене Мајке да ја добијам од 1977 година бидејки само таа и останала на баба а другите ги докупив.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не. Само сакав да кажам дека такви судбини што доживуваат главните ликови во романите и нивните постапки или ги прифаќаш и се соживуваш или не. И да се разбереме оваа литература не е единствена што ја читам. Читам и трилери, документарни книги, но ете и овакви романи.
И да се пофалам, имав можност Грех њене Мајке да ја добијам од 1977 година бидејки само таа и останала на баба а другите ги докупив.
Јас не негирав дека читаш друга литература. Само мислам дека за неколку години ќе правиме друг муабет за МирЈам.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Лично, не ми се допаѓа. Имам прочитано две книги од неа, со цел да имам пошироко портфолио на кое ќе можам да донесам заклучок за некој стил. Но запрев на две. Простете на израз, ама книгите ми блах. Го немаат оној фактор да те натераат да размислуваш на дадена тема , поставена во книгата, или воопшто да седнеш од мерак пак да препрочиташ некои страни што ти оставиле впечаток. Секој писател може да ти создаде приказна но не и секој може да те натера да ја доживееш истата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Lena

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Од Мирјам ги прочитав ,,Непобедливо срце“ и ,,Гревот на нејзината мајка“.Сега го гледам филмот ,,Ранетиот орел“.Книгите се подобри од филмот.