бреј
Од кај да почнам, за да бидам кратка и јасна?
Неќам бе, неќам да сум рамноправна.
Сакам да сум трипати погоре.
Сакам да не се грижам за ништо, сакам да сум галена, мазена, пазена, сакам да сум чувана ко капка вода на дланка.
Сакам да ми се признае дека сум способна да 'рмбам ко маж, ама неќум да се очекува од мене тоа и да го правам.
Сакам да ми се признае дека сегде ме собира, ама да не се очекува од мене сегде да се пикам.
Сакам да ме прашува(ат) и слуша(ат) кога се прават анализи и планови за било какви проблеми од било која област, ама не сакам да очекуваат од мене планираното јас да го спроведам.
Сакам да бидам ај-ти- менаџер
Убо си реков на почетокот, да повторам - Неќум да сум на исто ниво, сакам да сум горе,погоре, многу погоре.
Жените не се борат за рамноправност, ами за доминација.
Која ќе рече дека не е така, не е искрена ама ич