Ноќни игри
Црно е небото,
и една ѕвезда таму пламти,
од око солза капи,
моментот засекогаш ќе го памти.
Цигарата ми годи,
пријателка штоме теши
во овие моменти тешки.
Кафето се допи,
тоа што спомените ги враќа,
тоа што ме топли,
тоа само ме сфаќа.
Надвор е тивко и мирно,
лаежот од куче се слуша,
чувствувам како некој силно
ме дави за гуша.
Од што ли се гушамм?
Од маглата која веќе исезнала
или од чадот што го нема во собава?
Можеби од дождот -
што сеуште не дојде,
можеби од ветерот -
што со маглата појде.
Можеби...
Снегулки бели паѓаа,
како ѕвезди во мракот блескаа,
а потоа се губеа -
тонеа во бестрага.
Тонев и јас...
Црно е небото,
и една ѕвезда таму пламти,
од око солза капи,
моментот засекогаш ќе го памти.