Религија и магија

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
@--Анхис--
Црквата е оградена од палење огнови, нивниот официјален став е дека тоа е пагански ритуал и дека верниците не треба да го прават тоа во име божје.
Црквата денес е ограничена од тие работи. Прогуглај да видиш во минатото како се осветувале дури и местата каде што се палеле огнови. За тоа патем и Пејчиновиќ и Црноризец Храбар пишуваат.
Како и да е, ете и да земеме дека црквата ги осудува. Што е со верниците? Верниците треба да ги практикуваат догмите на црквата. А што прават? Коледе, ЛЕДЕ, паднало греде.... :)(има причина зошто Леде е со големи букви).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе што правеле верниците. Тргни од тоа колку верниците ги почитуваат Божјите заповеди на кои што се клањаат, тргни од тоа колку верниците знаат во што веруваат и ќе видиш дека верници нема. Ама кажи дека си неверник одма те гледаат како си спален на клада.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Абе што правеле верниците. Тргни од тоа колку верниците ги почитуваат Божјите заповеди на кои што се клањаат, тргни од тоа колку верниците знаат во што веруваат и ќе видиш дека верници нема. Ама кажи дека си неверник одма те гледаат како си спален на клада.
Абе јас тргам од тоа колку верници не го прочитале Светото писмо и колку од тие не знаат дека самата Библија содржи толку многу недоличности и нелогичности. Ама не е тоа тема на разговорот.
Еднаш оддамна, очигледно јас лошо се имам изразено низ темиве, па ти мислиш дека сум ненормално голем (како што викаш ти) рисјански верник.
Да си зборам јас уште на темава што си ја сакам многу.
Магија vs. религија:
За време на многубоштвото магијата била составен дел со религијата. Ама неразделна била.
Ех, какви магиски обреди се извршувале на овие простори во чест на богот Дионисиј. Од тука, кај нас многу народни песни зборуваат за љубовта меѓу овчарчето и самовилата, а исто толку и приказни се засведочени со иста тематика(Шапкарев, Цепенков).
Ова најмногу било изразено во деловите каде Македонија се граничи со Грција. Од тука, потекнува тоа што таму свештениците лечеле(правеле контра магија) од самовилска клетва.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@--Анхис-- не дека те сметам за којзнае каков верник. За мене постојат верници и неверници, нема измеѓу и нема сомнежи. Или веруваш или не веруваш во ништо. Тоа што ти се обраќав со рисјанин беше на шала, не знам како си го сфатил тоа ама не било за да те навредам или понижам.

Јарешка крв на врата, крст на чело, сунети, бркање демони, палење огнови итн итн. за мене е тоа едно исто. Божји ритуали за замајување и продавање надеж.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
@--Анхис-- не дека те сметам за којзнае каков верник. За мене постојат верници и неверници, нема измеѓу и нема сомнежи. Или веруваш или не веруваш во ништо. Тоа што ти се обраќав со рисјанин беше на шала, не знам како си го сфатил тоа ама не било за да те навредам или понижам.

Јарешка крв на врата, крст на чело, сунети, бркање демони, палење огнови итн итн. за мене е тоа едно исто. Божји ритуали за замајување и продавање надеж.
Исто така се и магиските ритуали,замајување,продавање надеж и лесен начин на богатење.Затоа и мислењето ми беше дека магијата и религијата се нараздвојни,само која прво настанала!?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
@diva orhideja ...

„Историјата на Магиката никогаш не била сериозно разгледувана. Првата причина е таа што единствено иницираните, кои се заветувани со молчење, знаат многу за неа; второ, секој историчар говорел за некои повеќе или помалку конвенционални идеи на Магиката, а не за самата Магика. Меѓутоа, Магиката го водела светот уште пред настанувањето на историјата, макар и само заради тоа што Магиката секогаш била мајка на науката. Затоа, од огромна важност е да се направи некој напор, да се разбере нешто од неа и затоа не е потребно извинување за пишувањето на овој краток преглед на нејзиниот историски вид.“
--- Магика без Солзи, А. Кроули

Магиката е прва.
Потоа доаѓа систематизација.
Доаѓа организирање и споделување искуства и знаење и се раѓа религија (многу различна од ова сега што е познато).
Ритуали има насекаде. Знам луѓе чие што подготвување на ручек е цел ритуал кој што дава неверојатен „шмек“ на самиот ручек :)
Да се навратам на историјата :)
Подоцна се раѓаат догми, создадени од неспособни луѓе кои тежнеат кон моќ и власт.
Се создаваат религии од тие догми за да се поткрепи цела хиерархија на Земјата која е трула како труп закопан во земја.
Дел од магиката заради догми се профанизира и преминува во магија, додека вистинските знаења и искуства остануваат недопрени бидејќи нели, не постојат, се водат како исчезнати...
И другото ви е познато од историја.

Ова накратко :)

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas and diva orhideja

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Во Богови не верувам,атеист сум,ама во магија верувам.Верувам во тоа што го гледа секој,но и во тоа што не го гледа никој т.е енергијата.Е,тука станува збор за апсолутно се околу нас,буквално се е енергија која што никогаш не е константна.Според мене таа енергијата може да се контролира,а тоа се вика магија драги дечки.И тоа е факт.
Кога сме кај религиите веќе,да,некои се тесно поврзани со магии и се неразделни како што е наведено од некои погоре,но во овој случај кога христијанстовото како доминантна религија го оспорува тоа а исто така факт е дека и таму магијата спаѓа во обредите и некои од празниците е толку контрадикторно и банално до п*сер.И не само христијанството,сите други слични религии се банални.Каде има господ,кој го видел,зошто баш тогаш му текнало да се појави "син" му и ајдее тате ми кажа вака да правите а вака не,и простата маса сиротата изгорена од римјаните шо ке прави ќе си бара утеха у на господ син му пред 2000 и кусур години.Мајче мила...Башка тоа шо ретардирани попови од тогаш пишуваат религиски прирачници врз основа на свои мислења и ставови и како им одговара.Ако е христијанството толку невина и навидум добра религија што оспорува убиства,зошто тогаш црквите се одговорни за спалување и кинење глави на толку голем број на научници и т.н "вештерки"низ вековите?!
Се е магија,односно енергија.Магија е уствари вид наука ама уште од пагански времиња.
 

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
Црни магии - Да постојат
Луѓе со зли намери, љубоморни, Да токму тие луѓе се околу нас а не знаеме кои се, или знаеме, но не можаме ништо
Оставете ги Господ ќе им врати

Се молиме
за да ни биде обезбеден духовен мир
се молиме за да ни бидат простени грешките
Се молиме за господ да ни даде сила
се молиме кога ни е најтешко

И верувајте ако од срце се молите и ако вложите труд за она за што с емолите, Господ ќе ви помогне
 
Последна промена од модератор:

Svetiot Duh

Активен Член
15 август 2015
80
120
43
127.0.0.1
Црни магии - Да постојат
Луѓе со зли намери, љубоморни, Да токму тие луѓе се околу нас а не знаеме кои се, или знаеме, но не можаме ништо
Оставете ги Господ ќе им врати

Се молиме
за да ни биде обезбеден духовен мир
се молиме за да ни бидат простени грешките
Се молиме за господ да ни даде сила
се молиме кога ни е најтешко

И верувајте ако од срце се молите и ако вложите труд за она за што с емолите, Господ ќе ви помогне

Ај напиј се дијазепам, и оди легни си (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос