Религија и магија

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Би сакала ваше размислување, дали има разлика помеѓу религија и магија или пак мислите дека има сличности??Дали магијата е содржана во религијата?Двата поима се базираат на објаснување на необјасниво.Религијата како организиран состав на верувања и богослужба, каде Бог е во центар на сите верувања и збиднувања, доаѓа од маѓијата т.с.ја има земено само нејзината "технологија"како што е :повикување на духови,миси,ритуали,чистење и осветување на простории,звонење,чадење,прскање со вода идр.Дали религијата е за верници а магијата за неверни Тома?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: коста

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Според догмите на христијанството, магијата е непоимлива за верникот. Тоа е работа на еретиците, на неверниците. Вештерките кои се сплотувале со ѓаволот биле спалувани јавно по наредба на свештениците, папите.
Од друга страна католичките свештеници изведуваат егзорцизам.
Јас, магијата ја сфаќам како дел од секојдневниот живот, бидејќи несвесно секој ден правиме некои магии, кои сакале или не да признаеме водат потекло од пред наша ера и само се инкорпорирани во нашето секојдневие без ние да сме свесни за тоа.
Црквата, еве конкретно на наше тло, нѐ наведува да изведуваме магии без да сме свесни за тоа. Притоа нѐ убедува дека тоа е христијанска работа - епа не е.
Пример ќе наведам само, прскањето за празници со пеана вода во домот.
Магијата, обредите кои ги вршеле паганите биле начин за општење со Боговите.
Во тие примитивни општества, разбирливо е дека на неписмениот селанец подобро му одело да заколе теле и да врти околу него додека крвта ја топи земјата и со тоа да обезбеди плодност на земјата, а ние денес, со молитва го правиме истото.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Мислам дека сеуште се прави ритуалов на принесување на жртва или незнам точно какво значење има,во темелите на куќа кога се гради да се стави глава од јагне и да се посипе со вино.Во нов стан се викаат попови за бркање духови и осветување....па нели сето ова личи на магиски ритуали!?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Мислам дека сеуште се прави ритуалов на принесување на жртва или незнам точно какво значење има,во темелите на куќа кога се гради да се стави глава од јагне и да се посипе со вино.Во нов стан се викаат попови за бркање духови и осветување....па нели сето ова личи на магиски ритуали!?
Принесување жртва има и со супститути... Порано биле крвни сега се симболични. Мартинки пример...
Инаку тоа во темелите може да има повеќе толкување. Она до кое јас се држам и во кое верувам дека навистина има логично значење е дека е чувар на куќата. Бидејќи во Македонија ефективно е засведочен култот кон мртвите предци па ми има некако логика. Порано чуварот бил ... предокот закопан под прагот. А може подалечно гледано да води потекло и од тотем култовите.
Што се однесува до магиите.
Свадбени магии колку да сакаш, до ден денес изведувани.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ти си бајаги поткован,читам интересно но ако размислам,магијата и религијата работат со енергијата на човекот и нејзино усмерување кон одредена цел,само што на пр.во религијата се употребува Бог и молитва а во магијата таа невидлива енергија се канализира за добро или лошо со други начини.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Магиите се суеверија. Религиите заблуди.

Православието е нешто као против вакви магии/суеверија ама од друга страна кога станува збор за лапање пари ќе признаат и дека рогатиот играл хант со некој од предците и треба тоа да го исчистат они. Чат-пат треба и повеќекратно чатење и пеење, а веројатно Ѓаоло има добар слух и бега оти не може да го поднесе пеењето. Православието не ги признава ни самовилите ама од бабишта по маало имам слушано дека поповите лечеле од самовилски магии.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Магиите се суеверија. Религиите заблуди.

Православието е нешто као против вакви магии/суеверија ама од друга страна кога станува збор за лапање пари ќе признаат и дека рогатиот играл хант со некој од предците и треба тоа да го исчистат они. Чат-пат треба и повеќекратно чатење и пеење, а веројатно Ѓаоло има добар слух и бега оти не може да го поднесе пеењето. Православието не ги признава ни самовилите ама од бабишта по маало имам слушано дека поповите лечеле од самовилски магии.
Заклучок на твоето мислење кое е, дека пак имаат нешто заедничко?За мене се како кокошката и јајцето,кој прв настанал,магијата или религијата!?
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Во тие примитивни општества, разбирливо е дека на неписмениот селанец подобро му одело да заколе теле и да врти околу него додека крвта ја топи земјата и со тоа да обезбеди плодност на земјата, а ние денес, со молитва го правиме истото.
И да се отепаш од телиња колење, и да се отепаш од молитви пеење, џабе е. Се додека не фатиш мотика.
Ако реално молитвењето помагаше немаше да излеат лани Дунав и Сава, или оваа година Црна во Пелагонија. Или па немаше редовно градот да толчи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
И да се отепаш од телиња колење, и да се отепаш од молитви пеење, џабе е. Се додека не фатиш мотика.
Ако реално молитвењето помагаше немаше да излеат лани Дунав и Сава, или оваа година Црна во Пелагонија. Или па немаше редовно градот да толчи.
Абе јас каде реков дека од овие магиски обреди има полза?
Само го кажав начинот на размислување на неписмените наши предци.
Уште повеќе го нагласив безглавото следење на истите матрици во денешни времиња.
Еве, чинам некаде низ темите ова го имам кажано, но ќе го повторам.
На 6 јануари се палат огнови во чест „раѓањето Христово“. Со какво значење? Знаеш? Знае некој?
Јас знам што се правело на 6 јануари овде во Македонија пред Христа. Се палеле огнови за да направат магија. Со засилувањето на огнот на земјата, да го засилат огнот на небото(сонцето), кое на тој ден се сметало дека се раѓа, односно се раѓа Младиот Бог(Дабог) денешен Христос. Тоа означувало крај на мртвото доба(умрена вегетација поради слабите температури) и повторно раѓање на животот, тревата, дрвјата..
Затоа викам дека религијата и магијата непосредно се поврзани.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@--Анхис--
Црквата е оградена од палење огнови, нивниот официјален став е дека тоа е пагански ритуал и дека верниците не треба да го прават тоа во име божје.