Религијата е вистинска или не?

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Зошто толку горчина и нетрпеливост?
Еве врати се назад и уочи разлика,јас вела буквата - книгата е крива,ти упорно човек е крив.Приметуваш ли разлика?
Неможе да посочуваш дали нешто или некој помага или одмага во нечие самоосознавање,со што самиот си противречиш на ова...
Книгата неможе да биде крива, таа е производ на начија мисла или искуство. Човекот од друга страна итекако може да биде крив, доколку ги ограничува другите, тогаш неговите постапки немаат апсолутно ништо со неговото самоспознавање, бидејќи тоа е пат кој води навнатре кон сопствената душа, а не кон животот на останатите околу него. Да ги затвориш очите пред оние што се стремат нечиј живот да го прикажат како гнасен, опасен, безвреден и слично, не е знак за духовна зрелост, туку знак за малодушност. Светот денеска не е цивилизиран благодарение на оние што не превзеле ништо во моменти на мрак и декаденција, туку благодарение на оние кои имале Знаење, Смелост, Можност и Дискретност да го сменат светот кон подобро.
Ако светото со сите настаните во него историски,верски,од одредени групи и доминации го гневат човек,постапува обратно од предходно кажаното,промени се себеси ако сакаш да се промени светот!
Еве да го примениме ова на тебе. Ако е доволно да се промениш само себе, зошто тогаш ти чуствуваш потреба да ми кажуваш дека треба јас да се променам?
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Книгата неможе да биде крива, таа е производ на начија мисла или искуство. Човекот од друга страна итекако може да биде крив, доколку ги ограничува другите, тогаш неговите постапки немаат апсолутно ништо со неговото самоспознавање, бидејќи тоа е пат кој води навнатре кон сопствената душа, а не кон животот на останатите околу него. Да ги затвориш очите пред оние што се стремат нечиј живот да го прикажат како гнасен, опасен, безвреден и слично, не е знак за духовна зрелост, туку знак за малодушност. Светот денеска не е цивилизиран благодарение на оние што не превзеле ништо во моменти на мрак и декаденција, туку благодарение на оние кои имале Знаење, Смелост, Можност и Дискретност да го сменат светот кон подобро.
Треба да се прифати фактот дека не сите се стремат кон патот за себеосознавање,а и оние кој што го одбрале тој пат,самиот збор им кажува дека треба самите себе да се осознат,а не другите да ги осознаваат!
Проучувајќи се себеси ги спознаваат и другите, бидејќи еден е духот.
Тоа што ти го викаш е само гнев и горчина спрема сите оние кој не одбрале пат на себеосознавање,со што наместо да се менуваш себе туркаш камен на угорница,посочувајќи како нечии постапки се малодушни,нема потреба од такво нешто.
Не значи ако не ме допираат нивните зборови сум ги затворил очите,тоа може така изгледа од твоја перцепција,но тие се од светот и го разбирам нивниот гнев и лутина спрема сите останати кој не се истомислениц,исто како што тебе те разбирам.
Создавање на подобар свет не се креира со гнев и лутина,со покажување прст кон клеветник или неверник или кон некој што не отпочнал пат кон себеосознавање туку со прифаќање на сите какви што се!
Еве да го примениме ова на тебе. Ако е доволно да се промениш само себе, зошто тогаш ти чуствуваш потреба да ми кажуваш дека треба јас да се променам?
Ете гледаш како зборот делува на човек,веднаш одбра страна,променет-непроменет.
Ако тоа те прави среќен,еве остани таков каков што си,но нека останат и непроменети оние кој ти сакаш да ги промениш!:)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Треба да се прифати фактот дека не сите се стремат кон патот за себеосознавање,а и оние кој што го одбрале тој пат,самиот збор им кажува дека треба самите себе да се осознат,а не другите да ги осознаваат!
Проучувајќи се себеси ги спознаваат и другите, бидејќи еден е духот.
Тоа што ти го викаш е само гнев и горчина спрема сите оние кој не одбрале пат на себеосознавање,со што наместо да се менуваш себе туркаш камен на угорница,посочувајќи како нечии постапки се малодушни,нема потреба од такво нешто.
А како дојде до заклучоков дека јас сум имал гнев и горчина кон сите оние што не одбрале пат кон себеспознавање?! Дали знаеш дека нема апсолутно никаква врска со реалноста овој твој заклучок? Зошто јас би имал гнев доколку некој несака да се спознае себе си?! Не си свесен колку ти е погрешен овој заклучок! Не е ни чудо што не ме разбираш. Зарем не нагласив во повеќе наврати дека никому не сум му кажал или наметнал како треба да живее, што да прави и што да мисли? Зарем не нагласив дека моите реакции се кон насока на оние што се обидуваат да создадат стереотипи дека начинот на живот на одредена група луѓе е гнасен, опасен или несоодветен, само затоа што не е идентичен со нивниот?
Не се замарам јас со тоа дали некој ќе се спознава или не! Се додека неговите акти не се стремат да ги ограничат или загрозат слободата на останатите, не ги сметам за погрешни, ниту пак имам гнев или горчина кон нив затоа што одбрале живот поинаков од мојот.
 
balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: Во врска со лажните учители, Исус Христос рекол: „По нивните плодови ќе ги препознаете... секое добро дрво дава добар плод, а секое гнило дрво дава безвреден плод“ (Матеј 7:15-18). Религиите даваат „безвреден плод“ со тоа што се мешаат во политика и одобруваат работи што му се одвратни на Бог, како што е хомосексуалноста (Јован 15:19; Римјаните 1:25-27). Тие ги поучуваат луѓето за човечки преданија и празни традиции наместо за скапоцените учења од Божјата Реч (Матеј 15:3, 9). На еден свој апостол, Исус му рекол: „Храни ги моите овчички!“ (Јован 21:17). Со тоа истакнал колку е важно луѓето да бидат поучени за Бог. Но, денес многу верски водачи не ги следат неговите зборови. Затоа, голем број луѓе се гладни во духовен поглед
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: Во врска со лажните учители, Исус Христос рекол: „По нивните плодови ќе ги препознаете...
Јован 14:
12.Ве уверувам дека секој што верува во Мене ќе ги прави истите дела што ги правам Јас, а и поголеми од Моите, зашто Јас заминувам кај небесниот Татко.
13.Секоја ваша молба упатете ја до Мене и Јас ќе ви ја исполнам.

Секој ден илјадници деца умираат од глад, тоа е бавна и ужасна смрт...агонија и страдање. Еве ти прилика да те познаеме по плодовите. Стиховиве се и повеќе од јасни, секој што ќе поверува во Исус, ќе може да ги прави истите нешта како и него па и поголеми. И секоја молба што ќе ја упатите, ќе ви биде остварена.
Упати молба да не умираат повеќе деца од глад. Да видиме дали ќе ти се исполни. Да видиме какви се плодовите ваши.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Повеќе од јасно е дека религијате е наметнет дел од животот,како би биле позатупавени и понеостварени во секојдневјето,се разбира доколку се водиме по истата таа религијата,без да засукаме ракави.Со годините, човек се менува,можно е од религиозен верник,да прерасне во неверник,или атеист.
Секојдневните збиднувања со фактите;незадоволство,немаштија,болести и "х" други потреби во човештвото,којашто религијата мудро си седи на страна и ништо не придинесува,освен празноверје и тупавост.Религијата како голема наметнатост во човештвото,најголема полза имат врвниците на епархиите,и тука таму некој свештеник,како задилжени за празното убедување во самата неа.
Со еден збор,религијата е полна вреќа ветар,ништо друго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Јован 14:
12.Ве уверувам дека секој што верува во Мене ќе ги прави истите дела што ги правам Јас, а и поголеми од Моите, зашто Јас заминувам кај небесниот Татко.
13.Секоја ваша молба упатете ја до Мене и Јас ќе ви ја исполнам.

Секој ден илјадници деца умираат од глад, тоа е бавна и ужасна смрт...агонија и страдање. Еве ти прилика да те познаеме по плодовите. Стиховиве се и повеќе од јасни, секој што ќе поверува во Исус, ќе може да ги прави истите нешта како и него па и поголеми. И секоја молба што ќе ја упатите, ќе ви биде остварена.
Упати молба да не умираат повеќе деца од глад. Да видиме дали ќе ти се исполни. Да видиме какви се плодовите ваши.
ЗОШТО ИМА ТОЛКУ МНОГУ СТРАДАЊА?
Луѓето од различни религии ги прашуваат своите верски водачи и учители зошто има толку многу страдања. Честопати добиваат одговор дека страдањето е Божја волја и дека Бог уште одамна предодредил сѐ што ќе се случи, вклучувајќи ги и трагичните настани. Мнозина добиваат одговор дека Божјите патишта се тајна или дека Бог ја предизвикува смртта на луѓето — дури и на децата — и ги зема кај себе на небото. Но, како што веќе видовме, Јехова Бог никогаш не предизвикува лоши работи. Библијата вели: „Не е можно вистинскиот Бог да прави зло, Семоќниот да постапува неправедно!“ (Јов 34:10).
Дали знаеш зошто луѓето погрешно го обвинуваат Бог за сите страдања во светот? Најчесто, тие го обвинуваат Семоќниот Бог затоа што мислат дека тој е вистинскиот владетел на овој свет. Не знаат една едноставна, но важна вистина што ни ја кажува Библијата. Ти ја дозна таа вистина од третото поглавје од оваа книга. Вистинскиот владетел на овој свет е Сатана Ѓаволот.
Библијата јасно вели: „Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19). Кога ќе размислиш малку, зарем тоа не ти звучи логично? Овој свет ги одразува особините на невидливото духовно суштество што „го заведува целиот свет“ (Откровение 12:9). Сатана е измамник, суров и полн со омраза. Затоа и светот што е под негово влијание е полн со измама, суровост и омраза. Тоа е една причина зошто има толку многу страдања.
Друга причина зошто има толку многу страдања е тоа што, како што видовме во третото поглавје, луѓето се несовршени и грешни уште од побуната во еденската градина. Грешните луѓе се склони да се борат за власт, а тоа води до војни, угнетување и страдања (Проповедник 4:1; 8:9). Трета причина за страдањето се „времето и непредвидените настани“. (Прочитај Проповедник 9:11.) Јехова денес не го штити светот, и затоа луѓето може да настрадаат ако се најдат на погрешно место во погрешно време.
Утешно е да знаеме дека Бог не ги предизвикува страдањата. Тој не е виновен за војните, криминалот, угнетувањето, па дури ни за природните катастрофи во кои страдаат многу луѓе. Сепак, треба да знаеме зошто Јехова го допушта сето тоа страдање. Ако е Семоќен, тогаш има моќ да му стави крај. Но зошто не му стави крај? Богот на љубовта што го запознавме мора да има добра причина за тоа (1. Јованово 4:8).
 
Префрлањето на вината врз сатаната не го решава апсурдот. Нели Бог е сезнаен и семоќен? Зошто тогаш со својата сезнајност не го предвидел однесувањето на сатаната и со својата семоќност не го уништил? Ако неможел да го предвиди или ако неможел да го спречи, тогаш не е сезнаен и не е семоќен, а без тие особини неможе да биде Господ.
Подеднакво апсурден е и изговорот дека луѓето не биле совршени. Зошто совршен Бог создал несовршени луѓе? Замисли купуваш часовник, гледаш дека има грешка во дизајнот, одиш да се жалиш и производителот ти вели: "Јас не правам грешки, тоа што часовникот е неисправен е негова грешка, не моја".
 
Сеуште не си го разбрал тоа? Не ти е јасно зошто постојат сите нешта по две ,едно спроти друго?