Реки, опис и слики

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Реката Нил се наоѓа во Африка, составена е од Син и Бел Нил и е најдолгата река во светот со 6695 км. Извира во Бурунди, јужно од екваторот и тече северно низ североисточна Африка. Во најголем дел Нил тече низ Египет и на крај се влева во Средоземното Море.

Реката Рувиронза во Бурунди се смета за вистински и единствен извор на Нил.
Коритото на Нил е огромно и вклучува делови од територијата на Танзанија, Бурунди, Руанда, Конго, Кенија и Египет
Бидејќи Нил истекува од Езерото Викторија некои луѓе го наведуваат како извор на нил токму самото езерo. Но езерото има многу притоки со значителна големина, како што е Реките Кагера и Рувиронза, па затоа и како најголем извор се смета најголемата река која се влева во Езерото Виккторија, Реката Рувиронза. Реката Нил го добила своето име по грчкиот збор „Neilos“, што значи долина или речна долина
Египќаните многу ја користат реката Нил за рибарење, транспорт, наводнување итн. Покрај Нил се наоѓаат гробници на важни луѓе од Стариот Египет. По Нил, најдолга река во светот е Амазон во Амазонската прашума.


 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
547
193
25
Меконг
Меконг, најдолгата река во југоисточна Азија, извира на Тибетската Висорамнина, од каде што тече низ длабоки котлини и ја образува границата меѓу Бурма и Лаос. Низводно тече по линијата на тајландско-лаоската граница, а потоа низ Камбоџа до делтата што ја создава близу до градот Хо Ши Мин во Виетнам.












 
  • Like
Реакции: Kitty

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Ебро е најголемата и втора по должина река во Шпанија, а воедно и втора на Пиринејскиот Полуостров, веднаш по реката Дуеро.

Реката има вкупна должина од 930 километри. Нејзината делта е најголема во Шпанија, со површина од 86.100 км2.Ебро минува низ шест шпански региони: Кантабрија (каде што извира ), Кастилја, Ла Риоха, Навара, Арагон и Каталонија . Името потекнува од античкиот топоним Hiber (Hiberus Flumen). Всушност, грчки колонисти се населиле на северниот дел и `и го името на реката Нејзиниот извор се наоѓа на 880 метри надморска височина.

Реката Ебро се влева во Средоземното Море. Островот Буда, ја дели реката во две главни гранки, Северна и Јужна. 20% од површината на оваа делта е заштитена со закон, преку природен парк на Делта дел Ебро, која се наоѓа во близина на Тортоса.

Реката се користи за наводнување на земјоделските почви, со посебен осврт на оризовите полиња, кои се протегаат на над 21.000 хектари. Делтата на оваа река, која е триаголна, се граничи на север со Пиринеите, а на запад и југ со Пиринејскиот Полуостров. На исток е Каталонското крајбрежје и Средоземното Море.

Novillas_6_Febrero_2003_FotoAerea_davidnovillas-300x240.jpg
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,658
5,737
1,153
9 најдолги речни системи во светот




Реките отсекогаш биле интересни за нас луѓето. Низ историјата, луѓето ги користеле реките на мнгоу начини, за добивање храна, како транспортни магистрали или за добивање електрична енергија. Некои реки, со нивната должина, исто така нѐ потсетуваат на моќта на природата.

Реките отсекогаш биле интересни за нас луѓето. Низ историјата, луѓето ги користеле реките на мнгоу начини, за добивање храна, како транспортни магистрали или за добивање електрична енергија. Некои реки, со нивната должина, исто така нѐ потсетуваат на моќта на природата.

9. Амур и Аргун – Русија и Кина: 4444 километри
Реката Амур е деветтата најдолга река во светот и граница помеѓу далечниот руски исток, и североисточниот дел на Кина. Реката Амур исто така е важен геополитички фактор и симбол на руско-кинеските односи.
8. Конго – централниот дел на Африка: 4700 километри
Реката Конго (позната и како Заир) е најдолгата река во западниот дел на Централна Африка. Оваа река, со нејзината должина од околу 4700 километри, е втората најдолга река на континентот. Нејзиниот тек поминува низ втората најголема прашума во светот. Името на реката потекнува од Кралството Конго, но од 1971 до 1997 година, официјалното име ѝ било Заир.

7. Об и Иртиш – Русија, Казакстан, Кина, Монголија: 5410 километри
Реката Об и нејзината најголемата притока Иртиш го формираат седмиот најдолг тек во светот. Овие реки замрзнуваат пет или шест месеци, но во останатиот дел од годината се важна сообраќајница. Голем број бродови секојдневно пренесуваат материјали и туристи. Реката порано била позната по големиот број фабрики за преработка на риба, но за жал, рибната индустрија има претрпено големи штети поради загадувањето, дел од кое е од нуклеарен отпад.

6. Хоанг Хо – Кина: 5464 километри

Хоанг Хо, позната и како Жолтата Река е важна река во северна Кина која во минатото била центар на развојот на кинеската култура, заедно со Долгата Река (Јангцекјанг) на југот. Реката извира во планините Бајан Хар во западна Кина на надморска височина од 4500 метри. Со должина од 5464 километри е втората најдолга река во Кина.

5. Енисеј, Ангара, Селенга и Идер – Русија и Монголија: 5539 километри
Ова е најдолгиот речен систем кој се влива во Северниот Леден Океан. Текот започнува во Монголија, и тече северно сѐ до Енисејскиот залив во Карското Море, со себе носејќи голем дел од Сибир.

4. Мисисипи и Мисури – САД: 6275 километри
Реката Мисисипи во САД е четвртата најдолга река во светот и втората најдолга река на Американските континенти. Реката Мисисипи сама по себе е долга 3734 километри, но речниот систем кој го формира со нејзината најголема притока, Мисури, е долг 6257 километри. Мисисипи истекува од езерото Итаска во Минесота, а се влева во Мексиканскиот Залив. Името „Мисисипи“ потекнува од еден од јазиците на домородното население во Америка и значи „татко на водите“.

3. Јангцекјанг – Кина: 6300 километри

Јангцекјанг, позната и како Долгата Река е најдолгата река во Кина и на азискиот континент. Реката извира од глечерите на тибетската висорамнина, ја поминува цела Кина и се влева во Источнокинеското Море кај Шангај. Оваа река има голема важност во историскиот, културниот и економскиот развој на Кина, а порано била јужната граница на развојот на кинеската култура. Во реката исто така можат да се најдат и многу ендемски животински видови, од кои најпознати се Речниот Делфин од Јангцекјанг и Алигаторот од Јангцекјанг.
2. Амазон – Јужна Америка: 6400 километри

Реката Амазон во Јужна Америка е втора река по должина во светот, но најголема река според полноводност, надминувајќи го капацитетот на следните десет реки заедно, придонесувајќи околу една петтина од слатката вода во светот. Амазон, во горниот тек се нарекува Апуримак (во Перу) и Солимоес (во Бразил). За време на дождливата сезона, делови од Амазон достугнуваат широчина од над 190 километри. Амазон најверојатно е единствената река во светот на која нема ниту еден мост. Ова не е поради широчината (има неколку места на кои може да се изгради модерен мост), туку поради тоа што реката тече низ најголемата прашума во светот, каде што нема патишта, па не постои ни причина за изградба на мост.

Иако ова е најголемата река во светот, по многу критериуми, сепак, консензусот помеѓу географите е дека Амазон сепак е втората река во светот, според должината.


1. Нил – Африка: 6650 километри
Реката Нил во Африка, е најдолгата река во светот. Реката, која има должина од 6650 километри, тече низ девет земји: Етиопија, Конго, Кенија, Уганда, Танзанија, Руанда, Бурунди, Судан и секако Египет. Нил има значајна улога во развојот на цивилизацијата, животот и историјата на Египќаните веќе илјадници години. Една од најважните улоги на Нил е создавањето на плодна почва, носејќи наноси по целиот свој тек.
 
  • Like
Реакции: Kitty