Реки, опис и слики

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Ајде овде да постираме слики од реките како низ Мк така и во светот, и да кажеме кој што видел, знае или чул за нив :)
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Реката Хоанхо или како што е уште наречена “Жолта Река“ е втора според должината во Кина... Таа има 30 пати повеќе талог на кубен метар од реката Нил и однесува во морето речиси исто количество седимент како и реката Ганг но со многу помал вкупен проток. Хоангхо од изворот на Тибетската висорамнина има неправилен тек низ северните области во Кина. Низ голите ридови тече брзо и се спушта на високо плато покриено со наслојки од лес, што некаде се дебели и по неколку стотини метри. Жолтата река Хоанг Хо, која го добила името поради тоните жолто-кафеава мил што ја носи со себе, важи за проклетство и за благослов на кинеската цивилизација. По поројни дождови реката периодично се излева од коритото и пустоши цели региони, но по повлекувањето остава зад себе плодна мил. Поплавата на Хоанг Хо во 1887 година се смета за најголема катастрофа во човештвото воопшто - загинале околу 1 милион луѓе. Реката се излева и денес, иако нејзиниот тек е регулиран, но голем проблем е тоа што, наместо плодна мил, Хоанг Хо остава отрови и хемикалии.Водата во многу делови на реката е загадена од канализација, индустриски отпад, ѓубриво и други отровни материи. Властите во Пекинг тврдат дека околу 300 милиони Кинези во руралните области консумираат вода загадена со хемикалии, претежно од комбинати за хартија и за хемикалии. Загадени се и подземните води во околу 90 отсто од кинеските градови, а 136 града имаат хроничен недостиг на вода.

И покрај напорите на централните власти за чистење на реките, при крајот на минатата година, при хаварија во петрохемиски комбинат, реката Сонгхуа беше загадена со 50 тони бензен, што претставуваше директна смртна закана за милиони луѓе. Интерени работи, среќа што немаме кај нас ваква река :)))
 
Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија

Водата во Вардар за разлика од оваа, може да се пие. :D
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Реката По со 652 км е нај долгата река во Италија

Покрај брегот на реката живеат околу 16 милиони луѓе и тоа е најразвиениот дел во Италија во кој е сконцентрирана италијанската индустрија и земјоделското производство.
Крстарење по реката По

  • Like
Реакции: Gemini and Hexasto

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Дунав e најдолгата река во Европската Унија и втора најдолга европска река (после Волга).
Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, кадешто две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донавешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.
Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина. Минува низ повеќе главни градови и тоа:Берлин, Виена, Братислава, Будимпешта, Загреб, Белград, Софија, Букурешт, Кишинев и Киев.
При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.

danube-bend-from-visegrad-castle-photo_1342294-770tall.jpg
 
  • Like
Реакции: Gemini and Hexasto

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Волга е река во Западна Русија. Таа е најдолгата река во Европа (3.530 km) и е јадрото на најопширниот речен систем на континентот (површина на басенот 1.360.000 km²). Средното и долното течение на реката ја образуваат географската област Поволжје.
Имињата на Волга на јазиците на различните народи кои живеат покрај неа се:
  • Руски: Вóлга;
  • Татарски: İdel, Идел;
  • Чувашки: Atăl, Атăл;
  • Германски: Wolga.
Името Волга произлегува од најмногубројното племе што ја населувало во минатото Волгарите. Пред тоа, реката се викала Итил. Волга извира од Валдајското возвишение и се влева воКаспиското море преку делта (површина 19.000 km²). Замрзнува во периодот декември-април. Реката Волга има околу 200 притоки. Со канали е поврзана со Балтичко море, Бело море,Азовско море и Црно море. Водите на Волга се користат за водоснабдување, напојување, добивање на енергија и др.

russia-volga-river.jpgthe-volga-river0.gif
 
  • Like
Реакции: Gemini and Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Кристалната река -
која се прелева во пет бои

Caño Cristales (Кристалната река) с наоѓа во Колумбија, лоцирана на планината Серанија де ла Макарена, во близина на областа Мета. Таа е нарекувана и „Реката со пет бои“, „Течното виножито“, „Реката која дотече од рајот“, па дури и „Најубавата река на светот“, бидејќи алгите кои се наоѓаат на нејзиното дно, создаваат црвена, жолта, зелена, сина и црна боја, кои ù даваат еден уникатен и совршен изглед.
Прелевањето на овие пет бои во Кристалната река, се случува само во текот на еден краток период од годината, меѓу дождливата и сувата сезона.
Овие алги, во комбинација со жолто-зелениот песок и сината вода, создаваат стотици нијанси на бои, поради кои реката изгледа како едно волшебно чудо на природата.

Значи, ова се случува само во текот на кусиот период помеѓу двете климатски сезони кои ги има во Колумбија. За време на дождливата сезона, водата во реката се движи со голема брзина, затемнувајќи го дното и оневозможувајќи му на Сонцето да продре до растението Macarenia clavigera, кое му е потребно за да ја промени својата боја во црвена. Во текот на сувата сезона, пак. нема доволно вода во реката, за да го поддржи растот на природното богатство на дното.
Прекрасната малечка река во Колумбија, не надминува повеќе од 100 км во должина и 20 м во широчина.
Caño Cristales е лоцирана во зафрлено, изолирано место, до кое е тешко изводливо да се пристигне преку патот. Авантуристичките туристи сега можат да стигнат со авион во градот Ла Макарена, кој се наоѓа во близина. Оттаму има краток пат до националниот парк Серанија де ла Макарена, каде што се наоѓа Кристалната река.
Голем број колумбиски туристички агенции организираат патување до Ла Макарена, кое вклучува обиколка на туристите околу реката со водич, пеш или јавајќи на коњ (или магаре). На посетителите не им е дозволено да преспијат, ниту да готват во овој национален парк.
 
  • Like
Реакции: Gemini, Marick14 and 4FUN

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,477
5,078
1,153
Wind Of Change
Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во Македонија. Долга е 388 km и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 km².
Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Продолжува да тече низ градотГостивар и котлината Полог каде се влеваат неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и Маркова Река и минува низ Скопје. Минувајќи низ Таорската Клисура каде се влева Кадина Река, Вардар навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат реките Тополка иБабуна. Потоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од десна и Брегалница од лева страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската клисура, и течејќи низ Солунското поле се влева во Егејското море во западно одСолун во Егејска Македонија.
Skopje2_ved_Vardar_den_19_04_2005.jpg11ab48950.jpg
 
  • Like
Реакции: Kitty and Marick14