Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
ДОКАЖУВАЊЕ НЕШТО ШТО СИ, ДЕКА СИ

По прифаќањето на извештајот за напредокот на Македонија и признавањето
на македонскиот идентитет и јазик од страна на Брисел (одма да се оградиме,
процесот на признавање треба да помине уште една бриселска сесија, макар што
тоа личи на докажување нешто што си, дека си), обидот на бугарската дипломатија
и овојпат да се фтурне и со нечисти прсти да ја замеша „македонската салата„, одеднаш
се претворат во бугарска шопска салата и дипломатско фијаско. Веста дека шопската
салата има бугарски корени дојде од агенцијата Си-ен-ен, но истата како да стаса во
вистински час, односно како утешна салата награда за бугарската дипломатска трпеза
позната по својот незаситен апетит за присвојување туѓи национални рецепти. Овој
политички потез од страна на европските бирократи, на бугарската страна еднаш за
секогаш и стави до знаење да престане да буричка во „македонската салата“, така што
на нашиот непринципиелен соседи во тој момент единствено што им остана е да се
позанимаваат со шопската салата, да ја мешаат и посолуваат како сакаат и умеат:
монголски, татарски, оногурски, ако и самите знаат како, само не Балкански. Впрочем,
Бугарите од давнина се познати по мешањето во туѓи салати (да се сетиме на
Византискиот период, пост - отоманскиот период, припадноста кон источниот блок),
но ако за нивна лика и прилика има некаков вид на салата која вистински им прилега,
тоа треба да биде Руската салата, и ако во неа не смееја ни да брцнат, а камо ли да ја
мешаат. Од Руската салата небаре се откажаа ама и не се откажаа, како што не се откажаа
и од вековното мешање во „македонската салата“, и ако истата по кумство и припаѓа на
некогашните европски политички кујни, кои, за жал, со новиот Француски предлог, и
денес најдоа начин повторно да ја зачинат со уште поинтензивен вкус и мирис.

Што се однесува до потеклото на шопската салата, и каков став за тоа ќе завземат
останатите балкански земји, кои исто така претендираат на неа како за свое кулинарско
наследство, ќе се види понатаму, но се верува дека со поставувањето на прашањето за
идентитет на шопската салата нема да биде загрозен историскиот континуитет на трите
Бугарски Царства и бугарското знаме, во кои јасно може да се распознаат црвениот домат
и пиперка, зелени краставици и бело сирење, како афтентични бои на шопската салата,
дополнително зачинета со мечти и заталкани мисли од Црно Море до Охридско, Грамос
и Костурско, од Дунав до Средоземно Море.

Чудно колку една салата може да заглупи цели народи.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Кога веќе морам да плаќам данок за тоа што сум ерген,
ако решам да правам свадба, државата да ми ја плати пијачката.

Вакви пијани предлози треба да завршат само со лумперај – по власта.
Тие треба да го платат данокот за тоа што Македонија остана немажена.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Кога ќе го чујам повикот „За дом - спремни !“, се ежам од
проклетството: „Беже, чувај нас куге, рата и Хрвата“.

Но, ајде, кога станува збор за рок и поп сцена, и народни маси,
секоја естетика е дозволена.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Погрешно разбрана порака !?
Требаше да одиме нагоре со пет посто воен буџет
како членка на НАТО, а не пет места нагоре на листата на ФИФА.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Кој е поголема велесила: НАТО или ФИФА.

НАТО опфаќа триесет земји.
ФИФА ги опфаќа сите земји на светот.
Помножено со бројот на жители, убаво кажува кој е поголема
велесила.
Разликата е меѓу навивачи и војници.
На НАТО листата ние сме последната, триесетта велесила.
На листата на ФИФА сме на 62 место.
Благодарение на нашите последни успеси, на листата на ФИФА
се качивме пет места погоре.
На листата на НАТО од нас се очекува да се качиме со пет проценти
погоре од буџетот на државата за воени потреби.
Пет – да те..м на велиспет, би рекле нашите сексисти.
Кој од овие две велесили повеќе не секса со пет на велиспет,
и самите не знаеме.
Во светскиот мравјарник од копачки на зелената трева, да се качите
за пет места погоре е поголем успех, отколку да се качите со пет
проценти за воени потреби, би рекле пацифистите.

Наша несреќа е што Мистер Трамп знае да игра само голф, и нема
појма од фудбал. Воопшто не му дава значење на нашиот фудбалски
успех со кој на НАТО му обезбедивме солидно 62 место на листата на
ФИФА. Но, тука мора да бидеме критични и да кажеме дека и кај нас
оваа вест помина без некоја поголема фудбалска страст. Сите се
загрижени од каде ќе ги ископаме тие пет проценти за топовски цевки
за топовско месо. Голиот живот не се брани со голи раце.

Ние и понатаму ќе трчаме по топката на ФИФА за некое места погоре,
а НАТО ќе го оставиме да не дрибла со пет проценти повеќе или помалку
од буџетот. Тие не знаат да играат фудбал, но знаат да играат со топка,
не онаа на ФИФА, туку земјината.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
ЗАКРПИ

Колку да звучи контрадикторно, осудените во Нирнберг за геноцидот врз
Евреите и другите невини жртви кои го направија во концентрационите логори,
имаат право да побараат рехабилитација: по геноцидот што Израелците денес
го прават врз Палестинците.
Сведоци сме на чист неофашизам.
Израелците немаат никакво право да вршат геноцид и гладомор врз невини жртви.
Каков што беше геноцидот и гладоморот врз нивните невини сонародници во
концетрационите логори.
Идејата за преселба на Палестинците од сегашната територија на друга може да се
оствари само по еден пат: патот по кој ќе патуваат два милиони мртовечки кофчези.
Да, тие би се нафатиле некаде да одат, ама како мртви души. Живи – НЕ ! Тврдокорот
да останат на сопствената земја го докажаа со секојдневно жртвување на илјадници
свои деца пред олтерот на војнички посилниот Бог на Смртта.
Земањето ексклузивно право на Израелците врз палестинската земја е само дел од
т.н. библиската картографија, надополнета со митови од типот „божји народ“,
„библиски народ“, „севишен народ“, „единствен народ“ и т.н.

Светската апатичност и судот на историјата, сето ова го гледа и бележи равнодушно
и молкум.
Како никој да не го слуша немиот глас на шесте милиони погубени Евреи, чии коски
од избришаните од сеќавање гасни комори и печки на холокаустот, на сиот глас
тропаат и удираат по совеста на своите сонародници и остатокот на човештвото,
со порака: запрете го ова убивање.

„После Аушвиц да се пишува поезија е варварство“, напишал Адорно.
Но сепак, имаше поети кои собраа храброст и поетска непорочност да рецитираат
за стравотиите отаде бодликавата жица на ужасот.

ЗАКРПИ
Универзумот исчезна.Само уште
Сонцето остана. Во тишина
ја буди празнотијата.
Така сонуваше г-дин Силберман во 1944-та.

Неуништеното минато споено со закрпи
од четириесет и две години,
после еден ден од животот во Шоах филм.
Таа ноќ сонот се врати -

Водата се врати во живот во облак
и огнот во пепелта пак оживеа.
Незавршената смрт
го обви како рането палто.
Се разбуди среде кошмар.

И со уверлива бистрина, бавно ги облече
алиштата од Треблинка, грижливо се избричи,
го намести креветот, го пушти гасот, и
мирен и сигурен се врати во креветот.
АШАР РАЈХ

Можеби еден ден и на денешните Јудеи
во сонот ќе им се врати
незавршената смрт во Газа,
и ќе се разбудат во кошмар,
од помислата на гасот.

ПС
И ние имавме можност, државнички, како останатиот светот, да ги осудиме
злосторствата кои се вршат на овие простори: преку Македонското Собрание.
Но, срамотно и жално, по гласањето добивме негативен одговор.
За нашите пратеници геноцидот може да продолжи.

Таму каде што седат луѓе без совест,
има само клупи на кои седат неуки и глупи.
(Одек од горчливата воздишка на јавноста).
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Средбата на Трамп и Путин во Аљаска помина во мирна и
позитивна атмосвера, со јасна порака:
-„Ќе си го поделиме светот, друже Сталин“.
П.С.
Главоболката на човештвото ќе биде уште поголема кога на
глобалната сцена ќе стасаат и останатите големи и мали
диктатори-алигатори за поделба на светот.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
И ако Трамп и Путин седнаа врз глечер во Алјаска,
политичкиот договор го оставија да стои врз тенок мраз


-Да го поделиме светот, другар Путин.
-Да. Ќе биде тоа прекрасен мир, мистер Трамп
-Мене ќе ми доделат Нобелова награда.
-И мене треба да ми доделат.
-А не, ако тоа го бараш ќе ти удрам санкции.
-Јас ќе ти удрам атомски бомби.
-Тогаш, за каков мир зборуваме ние.
-За мир меѓу мене и тебе.
-А остатокот од светот.
-За нив нема мир.
-Се согласувам со тебе.
-Тогаш да наздравиме. Напиј се една вотка.
-Ќе се напијам, ама да знаеш дека си носам против отров.
-Јас веќе го испив, откако ме понуди со виски.
-Колку убаво се сложуваме.
-Се читаме како книга.
-Историска.
-Треба да ја повториме.
-Јас сум да свртиме нов лист.
-Наздравје.
-Наздравје.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Есента наближува.
Сакате или не, мора да мислите на зимница.
Само капачината за тегли се со старата цена од лани,
што не крена на четврто место по економски просперитет.
Пиперките, лути или не, со изгор цени ќе ве олутат непробани.